Програмирање, Четврток 31.05.2012

Ако сте поминале, знаете дека четвртоците ни се тематски и вообичаено разгледуваме најразлични егзотични програмски јазици. 
Овој четврток може да очекувате туториал за Go програмскиот јазик, но темата се разбира секогаш се одредува од ентузијазмот на присутните. Овие разгледувања обично завршуваат во доцните часови со ултраинтересни разговори за специфичните карактеристики и архитектурите на програмските јазици.
Ќе биде интересно. 
Поздрав!

GNU/Linux прва помош 28.05.2012 18:00 Понеделник

И овој Понеделник како и секој на мени е GNU/Linux прва помош.
Дојдете доколку ви треба помош околу некоја дистрибуција, но пожелно е да дојдете и доколку се ви работи супер :).

Надвор од традиционалното средување на дистрибуции немаме нешто посебно во план, така да доколку имате некоја интересна идеја слободно навратете, а доколку немате сепак навратете бидејќи секогаш се случува нешто.

Сподели Знаење, сабота 26 Мај 2012 од 14 часот

На ова Сподели Знаење ќе се обидеме да направиме кратка презентација, со програмирање на-лице-место, за zeromq. Toa e библиотека за пренесување пораки, напишана во C++, но со подршка за повеќе од 30 програмски јазици. Пораките ги пренесува меѓу нишки (inproc), процеси (ipc), преку TCP, а подржува и multicast. Ќе се обидеме дадеме примери за паралелна обработка на податоци и одложено зачувување на податоци од веб-формулар, но добродојдени се и други идеи за тестирање. Примерите ќе бидат напишани во Python, но може да се обидеме да напишеме и дел во некој друг јазик, за да ја претставиме и подршката за cross-language на zeromq.

Остатокот од времето е резервиран за дискусија и слободно хакирање, а најверојатно ќе биде употребено за language wars.

КИКА се отвора во 14:00.

Програмирање, Четврток 24.05.2012


Ако сте поминале, знаете дека четвртоците ни се тематски и вообичаено разгледуваме најразлични егзотични програмски јазици. 

Овој четврток може да очекувате туториал за Go програмскиот јазик, но темата се разбира секогаш се одредува од ентузијазмот на присутните. Овие разгледувања обично завршуваат во доцните часови со ултраинтересни разговори за специфичните карактеристики и архитектурите на програмските јазици.

Ќе биде интересно. 
Поздрав! 

СподелиКино 23.05 во 19 ч. во КИКА - 2 предавања на тема Анонимус

Го најавуваме ова СподелиКино за Анонимус баш денес кога се дозна дека групата ќе објави 1.7 гигабајти податоци од Американското биро за правда.

Предавањата се од германската конференција Република од 2011 и 2012 г.

Во првото ќе ја гледаме Габриела Колман, која често зборува за Анонимус.

Второто пак е дебата помеѓу Џејкоб Апелбаум, Френк Ригер и Каролин Видман.

Среда. 19 ч. Кика.

GNU/Linux прва помош 21.05.2012


Сигурно мислите дека и овој понеделник ќе биде ист како сите претходни...

По некој нов update за вашиот Linux, па драјверите за графичката ќе ви го прегреваат компјутерот. Можеби сакате да смените дистрибуција, па не сте сигурни што повеќе би ви одговарало или како да пристапите кон миграцијата. Не знаете што е GNU, а па камо ли Linux?  - Само наминете, сѐ ќе ви објасниме!

А, да, има и наполитанки, ама дојдете порано зашто брзо ги снемува.

Па всушност и овој понеделник ќе биде така забавен како претходните :)

СподелиЗнаење 19.05.12

На ова СподелиЗнаење ќе се зборува на тема „Сподели институционално знаење“ за новите членови на 2с.мк, каде Новица ќе биде „споделувачот“ па како и секогаш ќе биде оргинален песимист.

Остатокот од времето е со отворена агенда па како и секогаш се успева да се најде нешто интересно за програмирање.


Се гледаме во КИКА во 14:00 а можеби и порано.

Програмирање, Четврток 17.05.2012 19:00

Овој четврток ќе го посветиме на развој на додатоци за Firefox.
Дамјан ќе презентира како  оди програмирањето на додатоци и ќе ни покажње на какова екстензија работи моментално. Па ако ни тргне може ќе направиме нешто корисно.

Нормално агендата не е фиксна и доколку остане време може да вметнеме нешто интересно, како и секогаш.

Се гледаме од 19:00 а можеби и порано.

Студија на владејачката класа: Гикоскоп на СподелиКино во КИКА 16.05.2012 во 19 часот

Во среда на вонредно СподелиКино ќе го гледаме предавањето на Марсел Марс со наслов Студија на владејачката класа. Предавањето се одржа на 11 мај во МАМА и трае околу 1 час. Видео записот е со дебата што следи по главниот дел што може да ја паузираме доколку има интерес за муабет од публиката.

Подолу опис на темата и предавањето.

Предметот на истражувањето „Студија на владеачката класа“ се деловните стрегии, визиите, корпоративните мисии на Гугл, Фејсбук, Амазон, иБеј (ГФАиБ), потоа дизајнот и архитектурата на нивните технолошки инфраструктури, политиката на пристап и управувањето со корисничките сервиси и податоци, како и преземањето на контракултурните, најчесто хакерски, вредности и иденитет. Целта на истражувањето е воспоставување на методологија и критички теориски инструмент за анализа и оценување на политичките, етичките и професионалните одговорности на наведените корпорации преме нивните (декларирани) миси и (рекламирани) практики во свеото во кој нивните монополи заземаат сѐ поголем простор.

Секој од ГФАиБ се стартувани како бизниси водени исклучиво на интернет. Тие се деловни домородци на дигиталните мрежи. Нивните мрежни инфраструктури на наивниот набљудувач му изгледаат како „јавно достапни сервиси“, управувани од динамиката на нивните „граѓани“, остварување кое инаку би требало да се очекува од државата која се грижи за заедничките ресурси. Нивниот голем раст е парадигматски пример на силата и ефектот на мрежниот развој. Многумина во раните денови на дигиталните режи сонуваа за елиминирање на посредниците во деловното работење и комуникацијата, но иако бројни посредници отпаднаа, оние кои преостанаа ги зацврстија своите монополи со понатамошна тенденција за доминација.

Тие го дигитализираат светското културно наследство, планетата Земја, Месечина, морето и океанското дно (Гугл), обезбедуваат глобална платформа за тргување каде било која може да продаде било што било кому (иБеј), го помагаат пазарот на интелектуална работа така што го спојуваат работодавачот со наемниот работник без директен контакт така што работата е поделена на илјада мали задачи кои се дистрибуираат до работниците преку онлајн платформа во реално време (Амазоновиот механикал турк). Тие знаат кој со кого е пријател (Фејсбук), какви се било чии потрошувачки навики (Амазон) или колку е доверлив продавачот или купувачот (иБеј). Тие се владеачката класа на дигиталниот свет.

Досегашните резултати на истражувањето се мапирање и мерење на физичката инфраструктура на Гугл: колку сервери, колку пари, луѓе и време е потребно да се издгради таков систем, историски преглед и развој на имплементацијата на идејата за виртуелни машни, испреплетување на различните социјални динамики (војни, корпоративни, академски и контракултурни) во обидо да се оствари автономија низ контрола на развојот на виртуелната машина и конкретниот развој на слободниот софтвер и изградбата на автономни мрежни инфраструктури за п2п библиотеки за („нелегални“) дигитални книги.


Врска: http://www.scribd.com/my_document_collections/3523982

- – - -

За предавачот:
Ненад Ромиќ алиас Марсел Марс (р. 1972.). Напреден корисник на интернет.
http://ki.ber.kom.uni.st/

Извор: http://najave.razmjenavjestina.org/2012/05/07/studijvladajuceklase/

GNU/Linux прва помош 14.05.2012 18:00 Понеделник

GNU/Linux прва помош во понеделник и овој како и секој претходен. Слободно поминете доколку имате проблеми со било која дистрибуција (Ubuntu, Debian, Mint, Arch, Slackware, Fedora,BSD  или било кој unix) ќе добиете и наполитанки додека заедно ги решаваме проблемите.

Како и секогаш надвор од оваа формална програма се појавува нешто од заеднички интерес па ќе пробаме да направиме одреден tool's we use showcase .

Се гледаме во КИКА.

СподелиЗнаење 12.05.12

Малце закаснета најава но подобро да ја има.

На денешното СподелиЗнаење ќе зборуваме на кратко за debian pinning па потоа Алекс ќе ни ја покаже KiCAD околината за цртање на електронски шеми.

Александар и Игор зборуваа за започнување на апликација за skopje augmented reality, па веројатно ќе има и некоја дискусија околу тоа.

И секако средување на околината на КИКА во openstreetmap.com никогаш не е губење време.

Се гледаме во КИКА!

Програмирање, Четврток 10.05.2012 19:00

Денес на програмерски вечери во хаклаб нема посебна агенда. Може да го направиме тоа што не го направивме во понеделникот, online couchdb статистики од на Глиша статистиката за мк домени.

Кој е расположен за дружење, работење на GSOC и пиење сокови ќе дојде на вистинското место.

Неговата девојка Петко 20 часот 9.5.2012 во Кинотека

Денес со проекцијата на „Неговата девојка Петко“ завршува ревијата филмови посветени на слободната култура во Кинотека на Македонија.

Ревијата се одвиваше изминативе 5 дена, а по повод 10 години од основањето на Слободен софтвер Македонија.


Неговата девојка Петко е филм од 1940 година кој е во јавниот домејн поради тоа што авторските права не се обновени.

GNU/Linux прва помош 07.05.2012 18:00

GNU/Linux прва помош во понеделник и овој како и секој претходен. Не се срамете да дојдете доколку имате проблеми со било која дистрибуција (Ubuntu, Debian, Mint, Arch, Slackware, Fedora, некој unix) само донесете ни наполитанки/соленки/сок зошто без тоа не можеме да живееме :)

Ако нема луѓе на кои им е потребна помош, тогаш ќе се програмираат работи. Статистиката од Глиша ќе ја направиме во couchapp да е цело време онлајн со месечни (или почести) апдејти, Шпион и Дамјан ќе ни покажуваат многу интересни работи, значи сигурно нема да биде досадно.

Дојдете, зошто секој пропуштен ден во КИКА е нова причина за каење :)

Сита пее блуз 20 часот 6.5.2012 во Кинотека на РМ

Вечерва од 20 часот во Кинотека на РМ продолжува ревијата на слободни филмови што Слободен софтвер Македонија ја организира по повод 10 години од основањето.

На програмата денес е анимираниот филм „Сита пее блуз“.



Филмот е отворен придонес кон слободната култура. Со зборовите на авторката Нина Пејли:

I hereby give Sita Sings the Blues to you. Like all culture, it belongs to you already, but I am making it explicit with a Creative Commons Attribution-Share Alike License. Please distribute, copy, share, archive, and show Sita Sings the Blues. From the shared culture it came, and back into the shared culture it goes.

Влезот на проекциите е слободен.

Сподели знаење во Хаклаб

Денеска од 13 до 17 часот во Хаклаб редовно Сподели знаење.

Исто така не заборавај од 20 часот во Кинотека и денеска продолжува ревијата на слободни филмови.

Програмски јазици @Хаклаб денеска од 19 часот

Поради огромен интерес за програмски јазици, не исклучувајќи ги Fortran и Basic, вечерва редовно четврточки од 19 часот во Хаклаб ќе има програмираски јазици. Вечерва ќе правиме интерфејс за температурен сензор или сензори во секоја просторија и податоците ќе ги прикажуваме на страната за статус на Хаклабот. Не заборавај да дојдеш.