Хаклаб?

Хаклабот КИКА е место за споделување и стекнување знаење, место каде се собираат луѓе заинтересирани за технологија, компјутери, машини, електроника, слободен софтвер, слободна култура. Хаклабот служи како отворен простор каде заинтересираните можат да изработуваат најразлични проекти, заеднички или индивидуални. Хаклаби има секаде во светот КИКА е еден од нив.

Зoшто хаклаб?


За да научиш нови работи од светот на софтверот и хардверот, да најдеш помош за доразвивање на некои од твоите идеи што мислиш дека никогаш нема да ги реализираш, да ти се средат проблемите во животот со GNU/Linux дистрибуциите, да јадеш наполитанки додека не пукнеш, да дознаеш како да се заштитиш на интернет и да ги научиш правата кои ги поседуваш додека сурфаш, слободно да пиеш филтер кафе, да добиеш добри насоки за Gnome Women Outreach програмата, да добиеш помош за Google Summer Of Codе и да правиш многу многу други интересни работи.

Идејата е сите кои се заинтересирани за слободен софтвер, GNU/Linux, но и општо технологија, компјутери, хакирање (не кракирање), мрежи, сервери, електроника, слободна култура и општество, геџети, роботи итн., да може да се соберат за да споделат знаења и искуства, да дискутираат и експериментираат.

Како да се приклучам?


Хаклабот е јавен и отворен простор и е добредојден секој кој сака да се приклучи во тековните активности или да предложи нови. Едноставно дојди во некој од редовните термини.

Во моментов има три редовни термини секој понеделник од 19h e ГНУ/Линукс прва помош, секој четврток од 19h се „Програмски вечери во Хаклаб“ и секоја сабота од 14h е „Сподели знаење“. Најчесто и во останатите денови Хаклабот е отворен и може да поминеш да се запознаеш.

Offline локацијата на Хаклабот е на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 38/12 во центарот на Скопје. Погледни ја мапата со локацијата за подетално да се снајдеш.


View Larger Map

На интернет може да се приклучиш на IRC каналот #lugola, на поштенската листа или на wiki-то за слободен софтвер.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.