Во среда на вонредно СподелиКино ќе го гледаме предавањето на Марсел Марс со наслов Студија на владејачката класа. Предавањето се одржа на 11 мај во МАМА и трае околу 1 час. Видео записот е со дебата што следи по главниот дел што може да ја паузираме доколку има интерес за муабет од публиката.
Подолу опис на темата и предавањето.
Подолу опис на темата и предавањето.
Предметот на истражувањето „Студија на владеачката класа“ се деловните стрегии, визиите, корпоративните мисии на Гугл, Фејсбук, Амазон, иБеј (ГФАиБ), потоа дизајнот и архитектурата на нивните технолошки инфраструктури, политиката на пристап и управувањето со корисничките сервиси и податоци, како и преземањето на контракултурните, најчесто хакерски, вредности и иденитет. Целта на истражувањето е воспоставување на методологија и критички теориски инструмент за анализа и оценување на политичките, етичките и професионалните одговорности на наведените корпорации преме нивните (декларирани) миси и (рекламирани) практики во свеото во кој нивните монополи заземаат сѐ поголем простор.
Секој од ГФАиБ се стартувани како бизниси водени исклучиво на интернет. Тие се деловни домородци на дигиталните мрежи. Нивните мрежни инфраструктури на наивниот набљудувач му изгледаат како „јавно достапни сервиси“, управувани од динамиката на нивните „граѓани“, остварување кое инаку би требало да се очекува од државата која се грижи за заедничките ресурси. Нивниот голем раст е парадигматски пример на силата и ефектот на мрежниот развој. Многумина во раните денови на дигиталните режи сонуваа за елиминирање на посредниците во деловното работење и комуникацијата, но иако бројни посредници отпаднаа, оние кои преостанаа ги зацврстија своите монополи со понатамошна тенденција за доминација.
Тие го дигитализираат светското културно наследство, планетата Земја, Месечина, морето и океанското дно (Гугл), обезбедуваат глобална платформа за тргување каде било која може да продаде било што било кому (иБеј), го помагаат пазарот на интелектуална работа така што го спојуваат работодавачот со наемниот работник без директен контакт така што работата е поделена на илјада мали задачи кои се дистрибуираат до работниците преку онлајн платформа во реално време (Амазоновиот механикал турк). Тие знаат кој со кого е пријател (Фејсбук), какви се било чии потрошувачки навики (Амазон) или колку е доверлив продавачот или купувачот (иБеј). Тие се владеачката класа на дигиталниот свет.
Досегашните резултати на истражувањето се мапирање и мерење на физичката инфраструктура на Гугл: колку сервери, колку пари, луѓе и време е потребно да се издгради таков систем, историски преглед и развој на имплементацијата на идејата за виртуелни машни, испреплетување на различните социјални динамики (војни, корпоративни, академски и контракултурни) во обидо да се оствари автономија низ контрола на развојот на виртуелната машина и конкретниот развој на слободниот софтвер и изградбата на автономни мрежни инфраструктури за п2п библиотеки за („нелегални“) дигитални книги.
Врска: http://www.scribd.com/my_document_collections/3523982
- – - -
За предавачот:
Ненад Ромиќ алиас Марсел Марс (р. 1972.). Напреден корисник на интернет.
http://ki.ber.kom.uni.st/
Извор: http://najave.razmjenavjestina.org/2012/05/07/studijvladajuceklase/

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.