Ден 4 @ 27c3 - општествени теми (од Новица пак)
Денот го отвори Адам Обенг во говор спектакулерно насловен „Tor is Peace, Software Freedom is Slavery, Wikipedia is Truth - The political philosophy of the Internet“. И покрај ваквиот (широк) наслов, неговото предавање се задржа на слободата во слободниот софтвер и како лиценците ја третираат истата.
Предавањето беше интересна прошетка низ дефинициите за тоа што е политика, филозофија, па политичка филозофија - па оттаму во софтверските проекти и анализа на лиценците како нивни „устави“.
Дефинициите за слобода што беа разгледани беа на Џон Роулс, Макалум и Берлин (не ги фатив првите имиња на последните двајца) и се движеме низ слобода да правиш било што, преку триделната дефиниција за слобода, до позитивната и негативната слобода. Пресудата беше дека GPL е помалку слободна од BSD лиценцата затоа што инсистира на групите (позитивна слобода) на сметка на поединците (негативна) - но - големо но, според Адам слободниот софтвер не само за слобода (иако го носи тоа име), туку и за други работи (рамноправрност, споделување итн.) и оттука оваа пресуда не е толку важна.
Се надевам дека и овој говор ќе имаме шанса да го прегледаме заедно во Скопје.
Како лична забелешка мислам дека му потфрли образложението на Адам затоа што пресудната точка во презентацијата беше тоа дека додека BSD се однесува (само) на дистрибутерите, додека GPL на сите корисници - а во врска со позитивната и негативната слобода ова значи дека BSD се однесува на помала група или поединци наспроти ултимативната група на „сите корисници“. Кон ова беше придодаден и дијаграм дека „дистрибутерите“ се подгрупа (подмножество) на „корисниците“. Ова е проблематично бидејќи секогаш не е вистина. Човек може да дистрибуира софтвер без да го користи.
Но, попроблематичниот дел беше оној првиот за тоа кому се однесуваат лиценците. Колку што сум во тек ми се чини дека GPL (како и BSD) се вклучуваат единствено при редистрибуција. Тие како лиценци за слободен софтвер не регулираат што корисниците смеат да прават со софтверот - бидејќи тој е слободен, туку само што редистрибутерите смеат да прават. Па така, иако во преамбулата (неправничкиот дел од текстот на GPL) се спомнува „all users“ тоа има повеќе информативно воопштено значење, отколку било какво обврзувачко според лиценца/закон.
За жал не успеав ова да го кажам во Q&A делот, бидејќи некој друг лик коментирајќи забега во кантовски води (кантовски како Емануел Кант).
Следна беше Lepht со Cybernetics for the Masses. Ова беше шокантно и информативно предавање за домашно-направени и домашно-вградени импланти што девојката ги има под својата кожа. Шокантно затоа што се нафатила да прави нешто прилично сложено без претходни доволни познавања од електроника и анатомија и медицина. Неколку пати рече дека била гадно болна / повредена / во болница поради своите експерименти, но заклучи дека здравјето е на второ место пред љубопитноста. Информативно дека дознавме дека некои навистина интересни работи можат да се прават за малку пари и со малку повеќе храброст (или во пирсинг дуќани во Скандинавија). На пример, вградувањето на некакви магнетни имплатни под кожата на прстите на дланките овозможува проширување на сетилните способности така што со овие можете буквално како некаква топка да напипате магнетно поле.
Нејзиниот блог е http://sapiensanonym.blogspot.com/.
Пред да одлетам во друга сала имав шанса да го видам само воведот од Хакирањето и компјутерската наука, кое што колку што фатив беше за тоа дека хакирањето е уникатна дисциплина што за жал не се изучува на универзитетите. Човекот што збореше доаѓаше од универзитет во Њу Хемпшир.
Анали Њувиц од io9.com понуди смирувачки говор за смртта на новинарството. Во „Три работи што новинарите ќе ги работат во 2050 ја чувме визијата на Анали дека трите работи на идината ќе бидат hacker journalism, data-mining reporter и crowd engineer.
Овие улоги не се нови вели таа. Само имаат нови имиња поради тоа што технологиите се сменети.
Интересен говор што повлече и многу прашања. За жал не успеав да ја запишам и дефиницијата за новинарство што ја цитираше Анали. Ми се чини дека ќе беше просветлувачка за македонските новинари.
На крај додека се мислев дали да одам на
How the Internet sees you - demonstrating what activities most ISPs see you doing on the Internet или на International Cyber Jurisdiction - Kill Switching” Cyberspace, Cyber Criminal Prosecution & Jurisdiction Hopping, се појави веста дека Даниел Домшајт-Берг ќе зборува за OpenLeaks. Слајдовите од тоа веќе ги објавивме.
27c3 заврши: Испиени 6000 литри Клуб-мате.
OpenLeaks презентиран на 27C3
Ден 3 @27c3 - вистинска
Даниел Берг не беше ѕвезда на денот вчера, имаше многу поинтересни работи! :) Затоа сакам покрај настаните од ден3 што ги опиша Новица да ги кажам и овие:
- Утрото од брзите говори интересен беше на Dan Kaminsky, кој ем збореше на Lightning talk ем не збореше за DNS. Збореше за „Augmented reality for Color Blindness“ апликација која помага на далтонистите да ги гледаме боите. Според него помага на сите типови далтонизам (не разликување нијанси на бои) ама сега за сега ја направил само за iphone и неможе да ја пробам но од скриншотовите може да потврдам дека работи за red-green далтонизам. :)
- Console hacking - PS3 epic fail нормално ја препуни сала1 и беше една од ѕвездите на ден3. Покажаа како успеале да го извадат приватниот клуч со кој Sony го потпишува софтверот на PS3 и со тоа практично да стават Linux директно на PS3 флешот не преку usb. Ова веќе не е интересно пошто сите вакви екслпоити се поради тоа што некој во Sony не направил random бројка како што треба. :)
- Последните неколку години се појавија openBTS, openBSC проектите со кои се имплементира мрежниот (телеком) делот на GSM мрежата, тие беа покажани на 25c3 и 26c3, а оваа година на CCC имаше и целосно функционална GSM мрежa.
Иако GSM е стар 20 години, бидејќи мобилните чипови ги прават грст на фирми и се продаваат само на многу мал број производители на мобилни телефони во огромни количини, независни истражувачи/хакери многу тешко доаѓаат до документација и чипови а со тоа можност да си „играат“ со radio делот на мобилните телефони.
Момците од osmocon.org проектот, исто пред преполна сала1, покажаа во живо (направија повик) од телефон на кој работеше целосно слободен gsm radio firmware. Плус телефонот е обичен, хардверски воопшто неизменет, Motorola C123 со Calipso chip што кошта ~20долари. Слободен radio firmware на ефтин телефон значи дека сега може многу повеќе луѓе да се вклучат и да се дебагира GSM.
Завчера истите покажаа една од можностите кои се отвораат со слободен radio firmware на ефтин хардвер т.е. како со истиот 20$ телефон со osmoconbb плус лаптоп со Wireshark успеаа да го декриптираат и снимат разговорот помеѓу два мобилни еден германски еден белгиски.
- Друга ѕвезда на вечерта беше презентацијата на Стивен Мурдок за EMV начинот на авторизација на трансакции со кредитни и дебитни картички (која се користи во Европа) како дел од докторска дисертација на студенти од Кембриџ. Покажа како, повторно поради глупа имплементација на нетранспаретни уреди, може да се направи тотално легална трансакција без внесување на точниот пин.
Незнам многу убаво да прераскажувам, па ќе прекинам тука, но сите овие предавања од ден3 беа закон и ЗАДОЛЖИТЕЛНО гледајте ги на http://events.ccc.de
п.с. Како изгледа полна сала1.
п.с. Ми се допаѓа што секоја година хакерите од CCC им се свртуваат на нео-нацистичките организации во Германија/Аустрија и околината и им ги расипуваат сајтовите, објавуваат податоци за нив и слично, нормално покрај стандардно што обраќаат внимание на несигурни mainstream сајтови.
п.с Извадок од упатството за Dunkin Donuts Denial of service "I want my money back! There is something missing, in the middle!"

Лепенки
27c3
Ден 3 @ 27c3 брзи говори и политика
Sai конечно ја одржа својата презентација „Когнитивна психологија за хакери“. Оваа беше на два пати одложувана поради проблемите што човекот ги имал со авио властите. Ништо посебно ново, барем не за оние што колку-толку фатиле по интернетов некои од поновите истражувања - но сепак се покажа како добро освежување од другите теми.
Judgment under Uncertainty
http://yudkowsky.net/
Zendo
А кога почнаа да доаѓаат прашањата, повеќето беа полу-прашања што сакаа да ја отворат темата за Wikileaks, која Даниел всушност вешто ја избегнуваше, а истовремено не кажа ништо посебно ново за Openleaks - побара само повеќе време пред сѐ да биде објавено.

Посебно внимание привлече прашањето зошто пишува книга, кога всушност не сака да зборува за Wikileaks, но и тоа негово објаснување беше некако бледо и недоречено - да се напишела приказната така како што е - заради историски причини.
Можеби највреден за понесување дома е коментарот дека одговорнста за иднината на интернет, и сите поврзани теми кои екслодираа на крајов на годинава, лежи кај сите нас - нешто што некако се поклопува како идеја од говорот на Роп на првиот ден.
Попладнето Еленор Саита заборуваше за тоа како „нашата инфраструктура ќе нѐ убие“. Тоа беше интесен преглед на ситуацијата со инфрастуктурата во западниот свет, посебно за тенденцијата повеќе да не се вложува во нејзино одржување, како и за неуспехот што го имаат државите во долгорочното планирање, со забелешки / коментари за тоа како всушност инфраструктурата преставува алатка за општествена присила во централизираните национални држави во социо-економскиот контекст на повоена (2ра светска војна) Европа.
Белешки од брзите говори:
http://flockscrape.pudo.org/
http://091labs.com/
seeks-project.info
http://redmine.jpod.cc/
https://jancborchardt.wordpress.com/2010/11/27/personal-appeal/
https://jancborchardt.titanpad.com/libreprojects?
http://kirils.org/skype/
http://www.uberwach.de/
http://gnuheter.com/creeper/senaste/
http://www.hrdag.org/
Judgment under Uncertainty
http://yudkowsky.net/
Zendo
Ѕвезда на денот, сепак беше Даниел Домшајт-Берг (ex-wikileaks, сега openleaks) кој всушност дојде да зборува за Icelandic Modern Media Initiative - нешто што покрај Исланд, веќе почнале да го разгледуваат и во Италија, Шпанија и Словенија Тој всушност, по негово кажување, беше летечка замена на Исланѓаните кои (веројатно поради времето?) не можеле да дојдат на 27c3. Беше тоа полу-информативен, полу-политички говор - кој всушност траеше прилично кратко во однос на времето што му беше доделено - што пак остави многу време за прашања. Имаше неколку интересни поенти во неговото излагање, посебно во врска со cloud computing и слободата на печатот, а во контект на Wikileaks, но морам да кажам дека чувството во салата (ми) беше чудно.
А кога почнаа да доаѓаат прашањата, повеќето беа полу-прашања што сакаа да ја отворат темата за Wikileaks, која Даниел всушност вешто ја избегнуваше, а истовремено не кажа ништо посебно ново за Openleaks - побара само повеќе време пред сѐ да биде објавено.
Посебно внимание привлече прашањето зошто пишува книга, кога всушност не сака да зборува за Wikileaks, но и тоа негово објаснување беше некако бледо и недоречено - да се напишела приказната така како што е - заради историски причини.
Можеби највреден за понесување дома е коментарот дека одговорнста за иднината на интернет, и сите поврзани теми кои екслодираа на крајов на годинава, лежи кај сите нас - нешто што некако се поклопува како идеја од говорот на Роп на првиот ден.
Попладнето Еленор Саита заборуваше за тоа како „нашата инфраструктура ќе нѐ убие“. Тоа беше интесен преглед на ситуацијата со инфрастуктурата во западниот свет, посебно за тенденцијата повеќе да не се вложува во нејзино одржување, како и за неуспехот што го имаат државите во долгорочното планирање, со забелешки / коментари за тоа како всушност инфраструктурата преставува алатка за општествена присила во централизираните национални држави во социо-економскиот контекст на повоена (2ра светска војна) Европа.
Белешки од брзите говори:
http://flockscrape.pudo.org/
http://091labs.com/
seeks-project.info
http://redmine.jpod.cc/
https://jancborchardt.wordpress.com/2010/11/27/personal-appeal/
https://jancborchardt.titanpad.com/libreprojects?
http://kirils.org/skype/
http://www.uberwach.de/
http://gnuheter.com/creeper/senaste/
http://www.hrdag.org/
Лепенки
27c3,
wikileaks,
медиуми,
политика,
психологија
Акустичен и аудио ден на 27c3 >> дополнето
Ден 2 на 27c3.
Покрај секогаш возбудливите lightning talks, ислушав(ме) уште две нетехнички презентации.
Политичката историја на акустиката беше интересен осврт на тоа кога како и зошто акустиката се појавила како посебна дисциплина за изучување. Уна Легановиќ зборуваше околу 45 миниту на оваа интересна што некако лесно може да се срочи во една реченица - дека: акустиката се развила за да им служи на тогашните владетели со цел да се надгледуваат поданиците или да се комуницира во тајност.
Уна заврши со споредба помеѓу паноптиконот и панакустиконот - сѐ слушачката направа на кралествата постари 100 години. Заклучокот: никој не сметал за спорно принцевите да шпионираат сѐ во својата палата.
(Ова веројатно ќе биде едно од предавањата што би ги пуштале на некое СподелиКино, навистина интересно и информативно. ПДФ презентацијата е закачена овде.)
Од прашањата што следеа можеби најинтересно е да се издвои тоа за разликите во концепти наспорти технологијата. Како што ќе видите од слајдовите (кој ќе кликне) еден од проектите на тогашните научници и принцови бил уред што ќе пренесува музика директно до собата / ушите на владетелот без тој да мора да биде во каква било интереакција со свирачите или другите слушатели на музиката. Прашањето што дојде од публиката беше: како тоа се разликува од денешниот iPod - т.е од типичното слушање на музика во изолација/самотија? Освен импликациите за музиката, ова секако отвара прашања и за тоа колку се нови идеите што денес (пак) го освојуваат светот.
По неколку откажувања, преместувања и слично, пред почетокот на вечерта го слушавме Концертот.
Џулиен Квентин, Кори Черовшек и Алекс Антенер имаа супер успешна аудио-видео презентација за/на слободната култура и ограничувањата на авторските права.
Во интересен мешап од сладјови, музички видеа и музика од пијано и виолина во живо можевме да видиме што значи слободната култура и како денешниот режим го загрозува развојот на културата и уметноста.
Нивниот настап заврши со овации, а следеа и два биса. Патем луѓето добија покани за одржување на истиот настап / презентација пред европскиот парламент и на неколку други места.
Други кратки белешки од денес (поточно од светлечките говори):
http://wiki.debian.org/FreedomBox
http://dns.telecomix.org/
http://bit.ly/tsarights (пдф)
http://code.google.com/p/nets-x/
2с.мк сега се стационирани на маса, Имаат интернет. Јадат чоколадо (некои од нив).

слободна култура
Чување на податоци на корисници: не треба и не е корисно
Ми се чини дека „Уставен суд“ се зборовите за паметење од денешните говори на темата „општество“ што ја следев (не знам дали овие од потехничките области ќе споделат нешто). Слајдовите се самообјаснувачки.

Лепенки
27c3,
интернет,
приватност
Отварање на 27c3 >> We come in peace и Copyright enforcement vs. Freedoms
27c3 започна со предавање на Роп Гронгеп кој зброруваше за тоа што се случило во заедницата на хакери во последните пет години. Во 2005 тој на истиот подиум зборувал за битката за приватност на интернет, и како сме ја загубиле војната - за пет години подоцна оваквата констатација да не биде повеќе точна.
Како споредба на земјата домаќин и земјата од каде што доаѓа Роп, Холандија, слушнавме за генералниот неуспех на Холандија да се справи со новите предизвици иако била сметана за водечка земја. Недостатокот на Уставен суд во оваа земја се покажало како штетно, наспроти Германија, каде Уставниот суд, на крај, сепак ги заштитил граѓаните од ограничувањата на интернет, а посебно во однос на приватноста и чувањето на податоци од страна на интернет провајдерите.
Во малку погенерален осврт, Роп Гронгеп ја опиша својата земја, како еднаква со Шведска и Данска пред 30 години, еднаква со Германија во деведесетите, во општа конфузија во 2000 и на ниво на Англија, за денес полека да се доближува до Италија.
Во оваа тажна забелшка неуспесите на земјата ги гледа преку следниве четири тези:
Пазарот не е сѐ;
Образованието е сѐ;
Уставот мора да се брани;
Финасирањето на политичките партии мора да се контролира;
Но, зошто толкав пад во вредностите на една од водечките земји? Со малку смешно објаснување зборот што го бараме е анти-депресанти. Депресијата е најраширената болест на денешнцата во западните земји. А се лечи со лекови што предизвикуваат среќа. (Вештачки) среќни луѓе не можат да предизвикаат промена. Потребни се несреќни и лути луѓе.
На хакерската страна, говорот беше посветен на две работи: електронско гласање и Wikileaks.
Преку повеќе примери во врска со е-гласањето заклучокот е дека на затворени црни кутии не треба да им се верува бидејќи лесно можат да се манипулираат. Во изминативе години, Холандија и Германија се двете земји каде вакви уреди се изрично забранети (во втората со одлука на Уставен суд). Но, произведувачите на овие машини можеби ќе најдат полесни муштерии во земји како Индија или Бразил каде овие системи се користат за избори што вклучуваат повеќе од една милијарда луѓе. Дека работата не е наивна, покажа приказната дека кога европската делегација од хакери и адвокати што го изнеле случајот пред германските судови тргала на конференција во Индија, влезот прво им бил забранет, биле задржани на аеродром, за на крај да бидат пуштени да влезат во земјата но со забрана за учество на конференцијата.
Роп Гронгеп бил дел од екипата што го советувала Исланд за законот за слобода на печатот што ја направи земјата рај за новинари и бил близок соработник на Џулијан Асанж. Со негови зборови престанал да учествува во организацијата по видеото од Ирак поради тоа што се уплашил од можните последици на овие објавувања на Wiileaks. Храброста, сепак, не е заразна вели тој.
Приказната за Wikileaks продолжи со критика на акциите на Anonymous (патем, генералното чувство за Wikileaks е позитивно. Даниел Шмитд исто така се појави низ публиката) и заклучок дека денешните влади се беспомошни, но не и немоќни. Кога станува сѐ појасно дека слободите на интернет се загрозени, и кога Google, Facebook, Apple и другите географски ограничени влади се спремни да ја убијат приватноста, нашата работа - работата на хакерите - станува уште поважна.
Што ќе се случи, останува да видиме, но според Роп, прогнозите не се толку лоши како оние од пред пет години. А едно од главните прашања што останува да бидат одговорени е кој ги поседува јавните фондови и јавната инфраструктура.
По вообичаените коментари за самиот настан и благодарници, Роп го отстапи подиумот на Џереми Зимернам од http://laquadrature.net.
Неговиот говор беше осврт на досегашните напори да се контролира дигиталниот простор, како оној на Франција - hadopi - и digatal economy законот на Обединетото кралство. Овие закони иако опасни сепак не го издржале тестот на уставноста - поради можноста владини тела и компании без судски одлуки да имаат пристап до информации за корисници. Во Франција правото на пристап до интернет било изедначено со слободата на говор. Ми се чини дека во овие два часа ги слушнав зборовите „Уставен суд“ во толку многу позитивни конотации - нешто на што треба веројатно да се угледаме.
Но, секој уставен суд си има своја влада, па така и во ЕУ (и ОЕЦД) со ACTA се гради нов систем кој ќе ја заобиколува правната процедура на земјите. (Патем, ACTA се пишува и надворо од воспоставените форуми за вакви работи како WIPI и WTO). ACTA се продава како трговски договор - а за таквите не е потребно гласање од парламент. Сме зборувале за ACTA порано во Македонија, не верувам дека тоа добило некое поголемо внимание. Она што останува е да видиме како ќе се доигра оваа партија: на 3 декември 2010 излегол конечниот текст на договорот, а веќе по 31 март 2011 истиот ќе биде ставен на ратификација пред земјите членки на ЕУ. Веројатно ќе следи дека и Македонија ќе мора да го прифати на својот пат кон европското интегрирање.
Џереми продолжи со цитирање на некои посочни делови од ACTA (како тоа дека текстот не прави разлика меѓу комерцијален обем и комерцијална намера) и цитирање на некои изјави на европските политичари (како тоа дека политичарите нема само да работат на нови закони, туку и на тоа да ја сменат умот, начинот на кој луѓето размислуваат за дигиталниот свет).
И покрај ваквиот однос на сили, Џереми е убеден дека оваа битка (против ACTA) европските граѓани ќе ја добијат пред Европскиот парламент, слично како што таму падна и иницијативата за софтверски патенти. Тој заврши со: „Споделувањето им помага на културите, тоа не прави попаметни, без него културите не можат да постојат.“

авторски права,
интернет,
приватност,
цензура
Убунту прва помош, 27.12.2010
Последното Убунту Прва Помош за оваа година,
* На планот е инсталирање на MaeGo ГНУ/Линукс дистрибуција на нетбук
* Ќе пробаме да стримаме нешто од CCC доколку има можност за тоа
Редовно од 19:00 до 21:00.

CCC,
maego,
убунту прва помош
27th Chaos Communication Congress >> We come in peace
Утре почнува 27-миот по ред конгрес на компјутерскиот клуб од Германија.
7 македонци и уште два пати толку другарчиња од Србија и Хрватска се тука. Веќе го испробавме пивото и храната, а од утре ќе пробаме и да пишуваме што се случува на конгресот, или барем да ги твитаме поинтересните моменти.

Сподели Знаење, 25.12.2010
Поради тоа што сме пола екипа останати во Македонија, поради Chaos Communication Congress каде што ќе присуствуваат 9 луѓе од Македонија, редовната активност „Програмски Јазици“ се одложува оваа недела.
Во сабота (25.12.2010) ќе се одржи последното Сподели Знаење за оваа (2010) година почнувајќи од 12:30 часот па до онолку колку што ни се седи.
Планот за оваа сабота е :
* Мигрирање на ZNC IRC Bouncer софтверот од локалниот сервер на VPS сервер.
* Инсталирање на Убунту 7.04, верзијата наменета за средношколските компјутери, на компјутерот во хаклаб
* Експериментирање со Firefox 3.6.x на истата дистрибуција (ова веќе се дискутираше на мејл листа)
* Ќе пробаме да направиме .deb пакет за автоматска инсталација на firefox 3.6.x наменето за Убунту 7.04
Ќе пробаме да оствариме стрим од нашата екипа на CCC па да видеме што се случува и во Берлин.
И се разбира доколку ни остани време ќе дискутираме за сѐ она што ни падне на ум, електроника, програмирање, хардвер, софтвер, програмирање етц.
Воедно ќе јадиме наполитанки и ќе пиеме сок или што било доколку некој донеси нешто друго.
Се гледаме во сабота за новогодишното Сподели Знаење !!!1!„“$%

берлин,
експериметирање,
надоградба,
убунту
УбунтуПрваПомош 20.12.2010 19:00ч
Стандардно ја почнуваме неделата со УПП. Доколку имате прашање или проблем во врска со Убунту, слободно дојдете после 19ч во КИКА.
Доколку нема премногу проблеми за решавање може да се направи последна проверка на тимот што ќе патува во Берлин (гаџети, openvpn, инфраструктура, итн)
Се гледаме вечер!

СподелиКино: Џулијан Асанж @ TED + Wikirebels + дискусија >> 22.12.2010, 20 ч. [Галерија 7]
Еден месец во сагата за Wikileaks
Ќе ги пуштаме интервјуто на Џулијан Асанж со Крис Андерсон од TED.com и документарецот од шведската телевизија насловен Wikirebels.
Видеата траат околу 1 час и 10 минути по што може да имаме дискусија на темата, се рабира доколку има интерес.
Лепенки
интернет,
сподели кино,
цензура
Сподели знаење (18.12.2010)
Оваа сабота од 12:30 па додека има сила во хаклаб Кика планот е:
- Ќе инсталираме и конфигурираме VPS на linode.com (оперативниот систем, vpn, ова она...)
- Од минатата сабота до сега му најдовме ново име на спидометарот а Дамјан и Алекс го направија во четвртокот на програмски јазици. Оваа сабота најверојатно ќе го подобруваат, физички ќе се монтира на видно место и слично...
- Било што друго што ќе ни го одземе вниманието.
Како и секој настан во Хаклабот - All you can Наполитанки. А пијачки и останати грицки тој што сака треба да донесе и за себе и за останатите.

сподели знаење
Програмски јазици, четврток 16.12.2010
Ќе правиме traceroute со бродчиња во Visual Basic. Ако тоа не успее (пр. ни дојде FBI и не апси) ќе правиме PWM контролер со паралелниот порт на PC-то. Најверојатно во Python, а можеби и во C/C++.
Почеток, стандардно во 19:00, затвараме во 21:00
пс. тоа за Visual Basic беше сарказам ;)

C,
python,
програмски јазици
Сподели знаење (11.12.2010)
Оваа сабота од 12:30 до изгрејсонце (според најавава мислам дека ќе бидат неколку различни стримови):
- Подесување на систем за надзор за домашна употреба со помош на веб камера + детекција на движење и навремено известување на е-пошта;
- WiMax USB уред од Неотел да работи на некој Gnu/Linux (најверојатно Ubuntu или Arch);
- Ќе продолжиме со софтверскиот и хардверскиот дел за Спидо метарот од минатата сабота.
Плус ќе пробаме да му најдеме подобро име;
- Ќе збориме и ќе пробаме да направиме инфраструктура како да се преживее 27C3. Физичка сигурност на лаптопите и другите гаџети, енкрипција на сообраќајот со/без ssh/openvpn тунели до Скопје....
- Било што друго што ќе ни го одземе вниманието.
Како и секој настан во Хаклабот - All you can Наполитанки. Пијачки ако некој сака треба да донесе за себе и за останатите. Ако не дојдеш ќе ти биде криво.

УбунтуПрваПомош понеделник 19:00ч
Секој понеделник, без изненадувања УбунтуПрваПомош. Доколку имате прашања или проблеми со конфигурирање или инсталирање на вашиот Убунту или друг GNU/Linux систем веројатно дека можеме да Ви помогнеме. Ако не можеме, парите назад, но наполитанките што ќе ги донесете остануваат.
Почеток: 19:00; место во КИКА.
ps.
Ако пишува на twitter може и саат време претходно да сме на кафе/пиво во некој од блиските кафулиња.

Сподели Знаење, 04.12.2010
Оваа недела на менито имаме ардуино хакирање и поправка. Ќе пробаме да поправиме едно намерно *расипано* ардуино како и едно кое што не работи.
Продолжуваме со изработка на проектот за speed-o-meter (http://wiki.lugola.net/Хаклаб/Проекти) за кој што ќе го направиме софтверскиот дел и доколку се снајдеме со волтметар/амперметар и хардверскиот дел.
На крај би требало да добиеме нешто вакво :

Потоа доколку имаме време ќе пробаме да претвориме едно ардуино во AvrISP In-System-Programmer и да испрограмираме AtTiny2313 чипче со него.
Се разбира, во меѓувреме секакви рандом муабети се возможни.
Се гледаме утре.

Програмски јазици, четврток од 19:00 часот
Стандардно и овој четврток програмски јазици во хаклаб. На програмата за оваа недела имаме решавање на вежби по програмирање од Standford универзитетот. Кои вежби ќе ги решаваме ќе одлучиме на лице место.
Програмски јазици во кои ќе ги решаваме ќе бидат по избор : Python, C, C++ или некои други по ваша желба.
Добредојдени се и оние кои што се искусни програмери како и оние што се почетници.
Се гледаме таму.

C++,
python,
вежби,
програмирање,
програмски јазици
Subscribe to:
Posts (Atom)