Оваа сабота од 12:30 до изгрејсонце (според најавава мислам дека ќе бидат неколку различни стримови):
- Подесување на систем за надзор за домашна употреба со помош на веб камера + детекција на движење и навремено известување на е-пошта;
- WiMax USB уред од Неотел да работи на некој Gnu/Linux (најверојатно Ubuntu или Arch);
- Ќе продолжиме со софтверскиот и хардверскиот дел за Спидо метарот од минатата сабота.
Плус ќе пробаме да му најдеме подобро име;
- Ќе збориме и ќе пробаме да направиме инфраструктура како да се преживее 27C3. Физичка сигурност на лаптопите и другите гаџети, енкрипција на сообраќајот со/без ssh/openvpn тунели до Скопје....
- Било што друго што ќе ни го одземе вниманието.
Како и секој настан во Хаклабот - All you can Наполитанки. Пијачки ако некој сака треба да донесе за себе и за останатите. Ако не дојдеш ќе ти биде криво.
Јас и Зоран ќе донесеме wimax usb од Неотел за тестирање https://twitter.com/#!/misterioz/status/13207603622445057
ReplyDelete