Враќање кон корените - Асемблер во хаклаб

Овој четврток ќе се вратиме назад кон нашите предци - the good old assembly.

Ќе го разгледаме MikeOS и ќе пробаме да го искомпајлираме. Воедно ќе дискутираме за внатрешната архитектура на x86.

Стандардно во четврток од 19:00 па до даље

25.11.2013 Прва помош за Linux

Редовно како и секој поделник во хаклабот прва помош за Linux.

Од овој понеделник и новитет. По статистичката анализа на посетителите на хаклабот и нивните преференци, воведовме и какао како опција на постоечките кафе и чај.

Почеток 19:00

23 ноември 2013 сподели знаење во скопскиот хаклаб

Редовниот термин во хаклаб, секоја сабота од 14, резервиран за сподели знаење - воедно и најтрадиционалниот настан. Ако сте во АКСЦ и ви треба интернет можете да ни дојдете на гости.

А не би било лошо и да зачистиме малку низ хаклаб.

21.11.2013 postgresql vs the world и apgdiff

Овој четврток ги разгледуваме (уште еднаш) уникатните можности кои
ни ги нуди postgresql релационата база на податоци, споредено со другите (mysql најмногу - пошто е лесната жртва).

Меѓу другото ќе се фокусираме и на apgdiff алатка која споредува два dump-ови на база и да креира .sql фајл за миграција на старата во новата.

Почеток, 19 часот, хаклаб КИКА, овој четврток.

18.11.2013 - Прва помош и статистика

Понеделник вообичаено во хаклаб КИКА се нуди прва помош за Linux и сличните деривати, и општо слободен софтвер.

Додека тоа се случува во кујна, паралелно во главната соба, ќе се продолжи со мини-курсот за статистика користејќи јазикот R.

Почеток во 19:00 часот.

Саботно сподели знаење 16.ноември 14ч

Почнуваме во 14 часот. Ќе правиме преглед на последни новости.

Ако имате прашање, повелете.

Безбедност на web апликации / 19ч. / 14 ноември

Овој четврток ќе биде посебен. На програмата имаме говорник кој ќе зборува за безбедност на веб апликации (најмал дел од времето) и за анегдоти од неговиот живот кога се хакирало преку телефон. Слободно дојдете, картата ќе чини 400 евра (+ даваме попуст на хомеопати.)

Не, туку Дамјан предложи вечер да дискутираме на темава, мене ми се гледа интересна, а Spion рече дека ќе намине. Дојдете пошто ако не знаете веб сиќурити не ќе ве сака господот на интернетот и ќе ви прати вируси на веб страните.

Значи вечер во 19ч. зборно место Хаклаб. Поззче.

Вовед во статистика со R во 19ч. понеделник 11.11.13

Покрај стандардната Гну/Линукс прва помош, неколкумина во хаклаб ќе почнат со следење на курс за вовед во статистика кој моментално се одвива на Курсера.

За почеток ќе се обидеме да надокнадиме тоа што сме пропуштиле од курсот. Меѓу другото, ќе го претставам и Rstudio како околина за работа со R и статистика.

Се гледаме.

Сподели Знаење: Графови со Neo4j и NetworkX

На утрешното Сподели Знаење ќе споделиме кој што знае за графови - теорија, употреба, кога да - кога не.

Ќе ги разгледаме и Neo4j - во моментов најпопуларната база на податоци која е
специјализирана за работа со графови, и NetworkX - python библиотека за анализа и визуелизација на графови. Предлози се добредојдени секако.

Како домашна задача - за утре потребно е присутните претходно да си пресметаат колку чекори на раздвоеност има меѓу нив и Kevin Bacon.

Стандардно - Сподели Знаење започнува во 14:00.

Make your sysadmin happy или како да го усреќиш админот

Четврток 7 ноември 2013 имаме програмски јазици.

Дамјан предложи да одржиме мини презнтации за тоа како да се поедностави одржувањето на апликациите од администраторска или DevOps гледна точка, т.е. како да не те мрази тој што прави deployment на твојата апликација.

Ќе се разгледа како се прави поедноствување и кои се стандарните начини во  различните програмски јазици (барем во Java, Python, Node, Ruby ).

Сподели Кино: The Monkey in the Machine and the Machine in the Monkey (3/3) - BBC All Watched Over By Machines Of Loving Grace

Денес го заокружуваме документарецот на BBC All Watched Over By Machines Of Loving Grace со неговата последната епизода The Monkey in the Machine and the Machine in the Monkey.


Епизодата ги опфаќа генетските истражувања за улогата која ја играат гените во човечкото однесување, за кое познати научници сметаат дека е "прекодирано". Паралелно зборува за  материјалите од кои се изработени компјутерите и електронските уреди, изобилството и искористувањето на рударски ресурси во Конго, што во последните две децении резултира со деспотски режим и геноцид.


Се гледаме вечер во КИКА во 20 часот!

Сподели знаење, сабота 02 ноември 2013

Целодневно саботно Сподели Знаење од 14.00 па натаму. Немаме некоја посебна агенда за денес но дојди, секогаш нешто се случува во КИКА