Wormux на сподели знаење 31.05.2008


Wormux e слободна игра клон на Worms. Работи на Windows, Linux, Mac, *BSD.

Последната верзија која излезе на 20 Maj овозможува мрежно играње. Па наместо споделување знаење оваа сабота (31.05.2008) во Точка од 12:30... ќе пробаме да утепаме што повеќе од противничките маскоти...дојдете да се испробаме.

Класика на СподелиКино: RevolitionOS, 28.05.2008, 20 ч. [Точка]

Не мислиме дека е потребна посебна најава на овој филм. Документарецот за GNU и Linux, кој е своевидна класика е на програмата на ова Кино.



За оние што не знаат овој филм ја следи историјата на развој на слободен софтвер, GNU и Linux, од нејзините акaдемски почетоци до големиот бизнис развој.

Како што вели постерот, гледањето е задолжително. Не го пропуштајте.

Сподели знаење утре околу 12 ч. во Точка

Утре уште едно неформално СподелиЗнаење. Нема некоја агенда. Во најава е дека некои дечиња со XO-ата ќе дојдат да им ги поправиме.

Па кој е за муабет и сл. се гледаме таму.

Изборни кампањи на Сподели Кино [21.05.08 во 20:30ч. Точка]

Во екот на изборните кампањи во републикава, одлучивме да прочепкаме по Youtube и да видиме што можеме да најдеме од политичкиот маркетинг за избори, кои партиите низ светот го оставаат на интернет.

Овие периоди се интересни по ова прашање, затоа што политичките кампањи, посебно во САД, овојпат посветуваат големо внимание на присуство во овие т.не Web2.0 сервиси.

На 15.септември 21.мај, на овој народ ќе му покажеме и претставиме, политички реклами и нивни пародии, кои струјат по каналите на Youtube, а штабовите, кампањите, критичарите и заедниците ги користат за да ги промовираат своите идеи, коментари и мислења.

Ова сподели кино не е рангирано :), 14.05.2008 во 20 ч. [Точка]

Оваа недела на сподели кино документарен филм за рангирањето на филмовите од страна на MPAA. Описот вели:
This Film Is Not Yet Rated is an independent documentary film about the Motion Picture Association of America's rating system and its effect on American culture.


Филмот ќе биде со англиски титл.

Прочитајте повеќе за филмот на Википедија.

Наводно, добар бил документарецов. Препораката за него ја најдовме некаде на локалниот интернет. :)

Glocal 2.0, последен ден

Конференцијата полека се приближува до крајот и додека ја слушам Елена како раскажува за аматерот и блогот, качувам слики на фликр пред да ми се потроши батеријата. :)

Елена ја затвора конференцијата

Сепак, како што се очекуваше ѕвезда беше Марсел со дискусијата за паразитирање на корпоративните инфраструктури во онлајн светот.

Ден 3 на Glocal 2.0

Можеби, Миша, Дамјан или Игор ќе напишат повеќе.

Glocal 2.0, ден втори: утринска сесија

Некако утрово ми се допадна локалниот контекст на конференцијата. Освен Драган од Нови Сад кој што презентираше и некои блогерски алатки, сите други презентации беа за тоа како кај нас и во соседството блоговите учествуваат во јавноста, создавањето на јавното мислење, политиката, активизмот.

Поглед на амфитеатарот

Во таа смисла посебно ми се допадна презентацијата на Сеад, за активизмот на македонската блогосфера... како блогоскептик некако супер ми дојде она „многу врева за ништо“... :)

Акитвизам на мк.блогосфера

Кон крајот некако ми оди дискусијата премногу во дневнополитички води. Не одговара тоа за една блог конференција.

Glocal: Сумирање на попладневната сесија во помалку од минута

Ирена: Блогосферата сеуште го задржува патријахалниот општествен сетап.
Василка: Нема пирамида во Босна... скептицизмот е добра одбрана во читањето на интернет.
Радмила: Дигиталниот генерациски јаз е пречка за пошироката употреба на блоговите во едукативниот процес.
Јетон: Се е тоа убаво, ама Greasemonkey рулз...



Публиката: Хм... кој спомна закуска после сесијата? ;-)

[GLocal 2.0] По утринската сесија

Ново: Јаху цевка за конференцијата.

Кратко заокружување на утринската сесија:

Робин BBC: Користиме многу web2.0 сервиси... но, BBC никогаш не одлучил да го прави тоа, туку само некои луѓе иновираат на разни места во куќата.

Зоран Утрински: Тешко им се пишува на старите (мејнстрим) медиуми.

Марсел: Што правиме со тоа што од персонални компјутери (PC) се враќаме назад на мејнфрејми кога станува збор за социјалните медиуми?

Ручек. :)

[GLocal 2.0] Конференцијата започна

Еве сме во живо на Глокал. Конференцијата само што започна. Веројатно ќе пишуваме често на СподелиЗнаење за да знаете што се случува.

Дарко им посакува добредојде на гостите
(Дарко им посакува добредојде на гостите)


Што би била конференција за блог(ирање), ако нема блогирање во живо за неа? ;-)

Сподели Кино 7.мај 2008 г. во 20ч. [Точка]

Оваа среда на „Сподели Кино“ ќе слушаме музика.

Што ни е идејата?

Во четврток почнува Glocal конференцијата во Скопје, па заедно со организаторите на конференцијата, одлучивме да им посакаме добредојде на учесниците.

Ќе пуштиме неколку филмови за web 2.0 а после ќе се фокусираме на слободна музика лиценцирана под криејтив комонс. Имаме многу добра музичка колекција од jamendo.com која ќе го разнежни најциничното уво. :-)

Ова е добра шанса да се запознаете со интересни луѓе од регионов и пошироко и да поразговарате за web2.0, блогирање, слободен софтвер, интернет живеење и смислата на постоењето.

Сподели знаење за Ubuntu, 03.05.2008 од 12 до 17 ч. во Точка

Дополнување: Еве како изгледаше Точка. 10-12 луѓе, муабет и Ubuntu. :)







Излезе новото Ubuntu и ние ќе си играме со тоа оваа сабота во Точка. Ако имате прашања или пак сакате копија од најновото Ubuntu на CD - повелете. Арангел ќе дели и лепенки. :)

Kubuntu фракцијата ќе обезбеди и копија од Kubuntu со KDE3 и најновата KDE4 верзија на Убунту.