Редовно СподелиЗнаење оваа сабота

(пред)Првомајско СподелиЗнаење оваа сабота (30 април) ќе биде отворено со дебатата „Континуитетот или револуцијата“.

На менито ќе има, по избор:
  • алатки за мерење на перформанси на апликации: Linux perftool, graphite
  • compatibility testing на софтвер за voice и video chat, OTR, GPG, итн.
  • Asterisk + мобилен телефон, what does it mean?
  • поправање, решавање и затварање на тикети и багови од http://bugs.spodeli.org/issues
  • електроника + микроконтролери, смалување на TODO листата

Почеток 13:00, крај 18:00 (или покасно). Место:

Програмски јазици: Learn Python и Python Challenge

На програмата за овој четврток имаме, прво малку учење Python од книгата Learn Python the Hard Way (т.е. ќе продолжиме од кај што застанавме минатиот пат), па потоа откога ќе научиме нешто ќе се обидеме да решиме некое ниво од Python Challenge или пак Project Euler.

Секој четврток од 19:00 до 21:00, во хаклабот КИКА, најдобрите програмски јазици на светот.

Секој велики понеделник: GNU/Linux прва помош

Fedora, Debian, RedHat, Ubuntu, Arch, Gentoo, Suse, Crux, Slackware, *BSD (why not)… Инсталирање, компајлирање, кернели, WiFi картичката не ви работи, не знаете да се конектирате на irc, сакате да дознаете како се користи shell-от…

You name it - We got it!

Секој понеделник до 19:00 до 21:00, во хаклабот КИКА, прва помош за сите почетници во светот на слободниот софтвер.

Програмски јазици секој четврток во хаклаб

Денес хаклабот ќе биде отворен од 17:30 па натаму. Пошто сите се разбегани по „одмори“ нема некоја посебна агенда, но наслушнав ќе се работело нешто C во Gnome (Gtk/Glib) околина. Можда ќе решиме некое ниво од PythonChallenge или ProjectEuler.

Learn Python The Hard Way

Овој четврток, во терминот за програмски јазици, ќе ја читаме и вежбаме книгата: Learn Python The Hard Way. Книгата е наменета за почетници и „тешкиот” начин е единствен кој дава резултат. Кога ќе ни се здосади тоа може да зачиниме со некои покомплицирани примери.

Хаклаб КИКА, четврток 14.04.2011 од 19:00 часот. Ако заглавиме покасно од 22 сигурно ќе има и erlang, rust, go и малку javascript.

Сподели Знаење, редовно и оваа сабота

Како и секоја сабота, така и оваа, редовно сподели знаење во КИКА.

На програмата има разно, би потенцирал дека пристигнаа ЛЕД диодите од Кина па најверојатно ќе се работи нешто интересно со нив како и подготовки за изработка на ЛЕД Коцката, а по можност (доколку се успее да се набави потребниот материјал и опрема) ќе почне да се изработува самата коцка.

Се гледаме во КИКА !

ПС: Времето е од 12 (можеби да се закасни да се отвори па да почнеме од 12:30 - 13) до бескрај :)

[MKRUG] Тестирање Rails апликации: Четврток 07.04.2011, 19 часот

Време и место: Четврток 07.04.2011, 19 часот во Хаклаб КИКА

Агенда:
  • Гледаме презентација Testing Philosophies од Ruby Users Group од Сан Диего (15 мин)
  • Дискусија за различни философии на тестирање (15 мин)
  • Вовед во ruby.mk проектот (15 мин)
  • Запознавање со некои алатки за тестирање (Cucumber, RSpec, pickle, factory_girl, shoulda, email_spec) (45 мин)
  • Пример за BDD развој на функционалност во апликација (30+ мин)
Ако има повеќе интерес и забегаме со објаснување на алатките за тестирање како и постоечките сценарија и спецификации, тогаш наредната средба продолжуваме со BDD примерот.

English? Read the article on ruby.mk blog.

Последна ревизија на текстот на Националната политика за слободен софтвер

Откако завршија јавните средби по повод текстот на националната политика за слободен софтвер составена е претпоследна верзија. Оваа верзија уште еднаш ја оставаме на јавна расправа се до петок (08.04.2011), кога финализираниот текст ќе биде доставен до Министерството за информатичко општество и администрација со цел да се усвои како владина политика.

Со таа цел, ги молиме сите заинтересирани да достават свои забелешки или во делот за коментари или на имејл адреса. Повеќе за јавните настани можете да видите тука.

Текстот на политиката можете да го превземете од тука.

Однапред благодариме.

Убунту прва помош: Понеделник 04.04.2011, 19 часот

Почитувани,

Хаклабот КИКА после одржаниот НСНД во Штип, ги отвора своите врати за сите оние кои во изминатава недела имале проблеми со своите GNU/Linux дистрибуции.

Јас знам дека ќе го симнувам 2.6.38 кернелот од кај Дамјан, и ќе се обидам да го избилдам.

Поддршката за нашите кандидатки за наптреварот за жени распишан од страна на Gnome продолжува.

OsmocomBB ќе биде третата точка од интерес вечерва, Алекс го пицна хардверот, телефонскиот повик е остварен со слободен софтвер. Одиме понатаму!

Многу активности и многу луѓе, ќе биде забавно.

Повелете и вие во КИКА од 19 часот

НСНД Штип и Сподели Знаење 02.04.2011

Овој викенд пола екипа заминува на НСНД Штип, настан кој по втор пат се одржува во Штип. Настанот оваа година ќе се одржува во просториите на факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев - Штип“ во предавална број 1.

На самиот настан ќе се работат теми и работилници поврзани со слободниот софтвер, слободната култура, програмирање и програмски јазици, хардвер, електроника, ардуино хакирање, ГНУ/Линукс, систем администрација и сѐ друго што ќе го договориме на лице место.

Се разбира после секој ваков настан се оди на јадење/пиење, овојпат на добра штипска пастрмајлија :)

Настанот е од отворен карактер и слободен за секого, а и задолжителен за ИТ луѓето.

Од друга страна, утре (сабота) во КИКА ќе се работат проблеми поврзани со Google Summer Of Code како и изработка на презентации за престојната забава по повод, излегувањето на GNOME 3.

Се гледаме на некој настан !