Showing posts with label коцка. Show all posts
Showing posts with label коцка. Show all posts

Програмски Јазици: Дизајн и визуелизации за 3D коцката

Овој Четврток во редовниот термин за Програмски Јазици (12.01.2012 во 19 часот) ќе биде презентиран дизајнот на 3D коцката (хардверското решение) и ќе видиме како се прават визуелизации за истата (програми напишани во C). Коцката е направена со користење на Arduino Nano и изгледава вака:


Ќе презентираат:

- Дизајн на 3D коцката (Дамјан Георгиевски)
- Визуелизации за 3D коцката (Александар Лазаров)

Моменталниот софтвер за визуелизациите можете да го најдете на Github, а за наредната недела во план е да се разгледа како истиот може да се прошири со нови можности.


Поддржано од
Град Скопје

Сподели Знаење, редовно и оваа сабота

Како и секоја сабота, така и оваа, редовно сподели знаење во КИКА.

На програмата има разно, би потенцирал дека пристигнаа ЛЕД диодите од Кина па најверојатно ќе се работи нешто интересно со нив како и подготовки за изработка на ЛЕД Коцката, а по можност (доколку се успее да се набави потребниот материјал и опрема) ќе почне да се изработува самата коцка.

Се гледаме во КИКА !

ПС: Времето е од 12 (можеби да се закасни да се отвори па да почнеме од 12:30 - 13) до бескрај :)