Не заборавај утре сабота Сподели знаење во Хаклаб од 14 часот до крај.
Најверојатно ќе продолжиме со FreeBSD инсталацијата и конфигурацијата што почнавме во понеделникот или ќе поработиме на веб контролираните 220V прекинувачи. Сподели знаење е отворен настан во Хаклаб, може да се случат многу работи или да не се случи ништо.
Дојди.
Showing posts with label електроника. Show all posts
Showing posts with label електроника. Show all posts
СподелиЗнаење - 23.02.2012
Уште едно стандардно саботно СподелиЗнаење во хаклабот КИКА.
Проверете го статусот од десната страна на блогот или пак твитер профилот за да видите кога е отворен хаклабот.
Проверете го статусот од десната страна на блогот или пак твитер профилот за да видите кога е отворен хаклабот.
Сподели Среќна Сабота
Сабота е еден од оние денови кога хакерите излегуваат од своите дувла и се собираат во хаклабот заедно да си седат на компјутерите, да избегаваат контакт во очи и да си сурфаат на интернет. Заедно. Освен тоа, на програмата ќе има и:
- чистење 14:00 - 15:00
- поправање на bus pirate кој го расипав при обид за надградба на firmware-от 15:00 - 15:30
- презентација за uwsgi во комбинација со nginx, апликациски сервер за python, ruby, php web апликации (и други). Ќе бидат разгледани основните карактеристики, имплементацијата во системите на Слободен Софтвер, предностите и маните во однос на класичната apache + mod_xxx конфигурација 16:00 - 18:00
- во разно: правење статички сајт од http://stopacta.spodeli.org/, кутија за info панел, мерење за полици и плакар за ранци, енкриптирање дискови и друго разно
- тегнење уши на тие што не дошле за чистењето од 2 - 18:00 ~ eternity
- кој дојде на време од Глиша ќе добие награда, бесплатен dynamic dns
Програмирање во Хаклаб денеска од 19 до 21 часот
Денеска ќе продолжиме со embeded темата од минатиот четврток.
Во Хаклаб има Bus pirate, па опуштено во неформална атмосфера ќе поставуваме развојна околина.
Сподели Знаење, редовно и оваа сабота
Како и секоја сабота, така и оваа, редовно сподели знаење во КИКА.
На програмата има разно, би потенцирал дека пристигнаа ЛЕД диодите од Кина па најверојатно ќе се работи нешто интересно со нив како и подготовки за изработка на ЛЕД Коцката, а по можност (доколку се успее да се набави потребниот материјал и опрема) ќе почне да се изработува самата коцка.
Се гледаме во КИКА !
ПС: Времето е од 12 (можеби да се закасни да се отвори па да почнеме од 12:30 - 13) до бескрај :)

Subscribe to:
Posts (Atom)