Ruby Средба 31.07.2014 (Хаклаб КИКА, 19 час)

Хеј хеј,

Нова Ruby средба овој Четврток (31.07.2014) во Хаклаб КИКА од 19 часот.

Иле Ефтимов ќе презентира за TDD, како да тестирате Ruby и Rails апликации, best practices и дискусија околу тестирање на продукциски код.

Далибор Насевиќ ќе презентира DIY tracing алатката со Vim интеграција. Прво мало инфо за Ruby TracePoint, а потоа и интеграцијата со Vim и малце Vimscript.

Се гледаме во Четврток!

ГНУ/Линукс и Медицинска Прва Помош / 28-ми јули

Прасе заболено од порцеланска болест
Ако си имал проблем со линуксот веќе знаеш - понеделник е денот во Хаклаб кога поправаме линукси. Така примарната „прва помош“ ќе биде таа.

Додатно, ќе ја искористиме приликата да ги продискутираме измените на законот за придонеси, конкретно темата „дали треба да плаќам придонеси, до сеа супер ми беше, си фриленсав и ќешче џаап, шо ќе ми е.“

Исто, може да го допишеме водичот за фриленсери и плаќање давачки.

Ако си фриленсер и те засега темата, дојди вечер од 19:00ч. И ДОНЕСИ ПИВО!*

* пивото е данокот на хаклабот

Сподели знаење, Сабота 26 јули во 14:00 часот

Оваа сабота небото е чисто, ги нема вчерашните олујни облаци и може да споделиме нешто интересно.
Хаклабот ќе биде отворен наскоро, па доколку чувствуваш потреба да се засолниш од сончевите зраци кои се усфитиле од триењето со земјината атмосфера додека паѓаат, можеш да наминеш. А можеш и да дојдеш да ми објасниш зашто сончевите зраци се топли.
Затоа што јас сметам дека во вселената е ладно и дека сонцето е ладно. А зраците се загреваат од триење.
Ти имаш попаметна идеа, м?

Програмски програми во јазикот на програмите / четврток, 24-ти јуни

Само еден час преостанува до отворањето на уште една возбудлива вечер во Хаклабот. Девојки и дечки, од сите возрасти - Хаклабот со отворен преграт ве чека.

Совети за Хаклабот да ве сака повеќе:

  • Хаклабот хранете го со благи работи
  • Во стомакот на Хаклабот (фрижидерот) секогаш да има ладно пиво
  • Устите на Хаклабот (вратите) оставајте ги отворени да се проветри
  • Купете "Club Mate" за 100 денари и 20 денари автоматски ќе бидат за Хаклабот

Вечер од 19ч. програмски јазици - во Хаклабот. Ве очекуваме.

ГНУ/Линукс Прва Помош, понеделник 21.07.14 19:00ч

Денес стандардно на програмата на Хаклабот КИКА има ГНУ/Линукс Прва Помош. Се гледаме од 19:00 часот.

Such knowledge, many share, wow // 18h // сабота // 19-ти јули

За саат време од сега ќе го отвориме хаклабот - време е да почне дружбата. Програмата е празна. Фрижидерот полн со Club Mate. Продавничката полна со пива. Компјутерот полн со бајти. Хакерите полни со радозналост.

Од 18ч. па натаму. Се гледаме (se gledame)

Како дојде до Lisp, Lambda Calculus и C / четврток, 17-ти јули


Вечер од 7 ќе чепкаме малку низ историјата на пресметувањето и компјутерите. Ќе пробаме да откриеме како дошло до создавањето на конструктите во програмските јазици, како "if", кои денеска ги земаме здраво за готово. А и генерално, кои се јазиците што се појавиле меѓу 50-тата и 60-тата година од претходниот век.

Ако ти звучи интересно дојди. Вечер од 19ч.

Прва помош Понеделник - 07 Јули 2014 од 19 до 21 часот

Прва помош во Хаклаб од 19 до 21 часот денеска понеделник 7 јули.

Ако имаш проблем со некој уред на кој работи слободен софтвер дојди заедно да го проработиме.

Саботно „ќе лемеме греалки“ во Хаклаб / 5-ти Јули

Местото каде некогаш имаше колиба
Третата ноќ студот стана неподнослив. Да знаеше Андреј дека греалката нема сензор за температура никогаш немаше да прифати сам да преноќи во колибата.

Утринското сонце ги внесе првите зраци низ прозорецот, заедно со пар отпорници. На прагот на колибата чекаше термистор, а до него лежеше потенциометар. Во стапицата за храна, Андреј беше уловил сендвич со кулен. Полека се спреми за работа.

Најпрвин ги замоли штрафчињата да се одвртат. Потоа, разгледа внатре во греалката: имаше термостат, дебели жици и греач. Погледна во Алекс. Алекс погледна во греалката. Греалката се засрами од туѓите погледи и ја подаде својата шема испечатена на хартија. Андреј и Алекс ја гледаа шемата -- не делуваше комплицирано.

Три часа подоцна колибата веќе беше загреана. На челото на Алекс имаше пот. Го погледна Андреј а тој со кимање со главата потврди. Ја вклучија и отидоа да се оладат во морето.

Пожарникарите стигнаа навреме.

На блогот на Хаклабот пишуваше: „оваа сабота Алекс и Андреј ќе и стават температурен сензор на Vaillant греалката, дојдете од 3 часот па натаму. Се гледаме.“

Програмирање и расправии: React.js vs Angular.js vs Polymer.js

React.js vs Angular.js vs Polyemer.js triple death match. Почеток  19:00 часот. Be there.

Четврток 03.07.2014, хаклаб КИКА - најбољиот хаклаб во Скопје.

ps.
се работи за библиотеки за пишување интерфејси и организирање на кодот во HTML/CSS/Js светот - мачно е било како, али со овие алатки можда да се преживее.