Местото каде некогаш имаше колиба |
Утринското сонце ги внесе првите зраци низ прозорецот, заедно со пар отпорници. На прагот на колибата чекаше термистор, а до него лежеше потенциометар. Во стапицата за храна, Андреј беше уловил сендвич со кулен. Полека се спреми за работа.
Најпрвин ги замоли штрафчињата да се одвртат. Потоа, разгледа внатре во греалката: имаше термостат, дебели жици и греач. Погледна во Алекс. Алекс погледна во греалката. Греалката се засрами од туѓите погледи и ја подаде својата шема испечатена на хартија. Андреј и Алекс ја гледаа шемата -- не делуваше комплицирано.
Три часа подоцна колибата веќе беше загреана. На челото на Алекс имаше пот. Го погледна Андреј а тој со кимање со главата потврди. Ја вклучија и отидоа да се оладат во морето.
Пожарникарите стигнаа навреме.
На блогот на Хаклабот пишуваше: „оваа сабота Алекс и Андреј ќе и стават температурен сензор на Vaillant греалката, дојдете од 3 часот па натаму. Се гледаме.“
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.