И овој понеделник како секој друг, двочасовна помош за сите кои имаат било какви проблеми со своите GNU/Linux дистрибуции, од 19:00 до 21:00 во КИКА (меѓу католичка и polyesterday).
Кликни за поголема мапа
Кафе има сигурно, ќе треба да се земат наполитанки (и сок евентуално) и спремни сме за прва помош.
НСНД Куманово 2012 - 25-26.02.2012
Како и минатата година така и оваа, во фебруари месец се собираме во Куманово каде што нема да се случува ништо дури 2 дена.
Локација: Народна Техника Куманово wikimapia
Проверете ја локацијата за НСНД - Куманово во поголема мапа
Почеток: околу пладне али никој нема да ви замери ако дојдете порано или подоцна.
Локација: Народна Техника Куманово wikimapia
Проверете ја локацијата за НСНД - Куманово во поголема мапа
Почеток: околу пладне али никој нема да ви замери ако дојдете порано или подоцна.
Некои од темите кои што можеби ќе ги дискутираме.
Се гледаме таму!
Четврток, 23.02.2012, python, sqlalchemy и postgresql
Ќе правиме презентација на некои трикови со python, sqlalchemy и postgresql, што ги научивме при имплементација на едно проектче што скоро го правевме.
Како и секој четврток, и овој 23.02.2012 од 19:00 … програмери во јато
GNU/LInux прва помош во КИКА - 20.02.2012
Утре од 19ч сме во хаклабот КИКА, можете да поминете ако имате било каков проблем со вашата GNU/Linux инсталација или само сакате да не посетите да видите каде се наоѓа хаклабот и да ги запознаете луѓето.
Се гледаме утре!
Се гледаме утре!
Сподели знаење сабота од 14часот
И оваа сабота од 14часот редовно сподели знаење во Хаклаб.
Ќе продолжиме со радио енкодер машината што почнавме да ја правиме понеделникот.
Ќе продолжиме со радио енкодер машината што почнавме да ја правиме понеделникот.
Лепенки
сподели знаење
Програмски јазици овој четврток во Хаклаб
Редовно и овој четврток од 19 до 21 часот во Хаклаб ќе има Програмски вечери. Што ќе се прави ќе се одлучи на лице место од присутните. Затоа не заборавај да дојдеш.
Паралелно:
- Ќе собираме пари за во сабота на Сподели Знаење да учиме како се
прави Шпанска тортиља. Колку пари ќе собереме толку наминирници ќе купиме, толку ќе праиме. Ако некој има нешто од намирниците во доволно големи количини може да донесе место пари.
- Ќе пробаме да тргнеме на страна целото ѓубре од стар хардвер за да
контактираме со некој од овие како да се справиме со отпадот.

програмски јазици,
хаклаб
Прва помош, овој понеделник од 19h во Хаклаб + радио енкодер
И овој понеделник 13 февруари од 19 до 21 часот, ако имаш некој проблем со слободниот софтвер на твојот компјутер дојди во Хаклаб заедно да пробаме да го решиме.
Паралелно ќе пробаме да оспособиме компјутер со ТВ/Радио картичка да биде енкодер за Ogg формат од радио фрекфенцијата на Канал103.
Паралелно ќе пробаме да оспособиме компјутер со ТВ/Радио картичка да биде енкодер за Ogg формат од радио фрекфенцијата на Канал103.
Програмски јазици секој четврток (09.02.2012)
Прво ќе пробаме да направиме македонска тастатура за Maliit.
Тоа не би требало да одземе премногу време, па веднаш потоа преминуваме на мини-OpenData проектот за вадење корисни информации од (многу лошите) документи во кои е објавен буџетот на Р.М.
На крајот во доцните часови, алгоритми vs програмери, војната на милениумот. Дебата и аплицирање алгоритми на жолто ламборџини.
Лепенки
algo math,
python,
програмски јазици
Понеделник, 6.02.2012 Linux прва помош
Како и секој понеделник, така и овој, терминот од 7 до 9 во хаклабот е резервиран за помош за почетници. Ако сте имале проблем со инсталација или драјвери, или пак ви треба основен вовед за снаоѓање и сл. или пак сакате да се напиете топло филтер кафе (чај) не
се срамете, тука сме.
Ако нема „клиенти” може да дебатираме за разликата меѓу пермисивните и реципроцитетните лиценци за слободен софтвер или да го досредиме новиот хаклаб сервер.
Програмски вечери - 02.02.2012
Оваа недела во терминот за програмски јазици, почнуваме една нова серија на средби посветени на Qt C++ Framework од Trolltec (Nokia). Qt е повеќе платформски C++ GUI framework. Многу е интерсен затоа што е многу убаво документиран, лесен за учење, релативно лесно портабилен на нови платформи, работи како на десктопи (GNU/Linux, MacOS X, m$ windows) и на мобилни телефони (Symbian, Android, MeeGo). Своите познавања за Qt, QML, Qt Quick ќе ни ги сподели Тони Јованоски кој е Qt Ambassador. Средбата почнува стандардно во 19:00 часот.
Лепенки
C++,
QML,
qt,
Quick,
програмски јазици
Subscribe to:
Comments (Atom)