Showing posts with label hacking. Show all posts
Showing posts with label hacking. Show all posts

СподелиЗнаење - 23.02.2012

Уште едно стандардно саботно СподелиЗнаење во хаклабот КИКА.



Проверете го статусот од десната страна на блогот или пак твитер профилот за да видите кога е отворен хаклабот.

СподелиЗнаење: Optimus Prime Resurrection - 14.04.12

Се гледаме утре во хаклабот КИКА за стандардното саботно Сподели знаење. Празнично ќе отвориме негде накај14ч. Може да се подготвиме за Open Street Map Marathon, да ги разглеаме и тестираме апликациите за некој нареден викенд кога ќе биде поубаво времето да ја обележиме околината околу хаклабот.


Денот на воскресението оптимуско ќе го обележиме соодветно.

Запомнете:

Freedom is the right of all sentient beings.

Се гледаме во КИКА.

А, и да, не заборавајте да проверите.

PS Благодарение на Spion имаме нов начин за проверка на тоа дали е отворена КИКА и колку луѓе се врзани на мрежата во моментот.

Вечер во Галерија 7: Intro to GNOME Women Outreach Program

Вечерва со почеток од 20.00ч во Галерија 7 ќе се оддржи кратка презентација, а потоа и дискусија поврзана со GWOP (GNOME Women Outreach Program). Го позајмивме текстов од блогот на Тамара Атанасоска која што е една од првите GNOME програмерки од Македонија. Тамара е спремна да им помогне на сите оние кои што се заинтересирани да се вклучат во програмата.


Аплицирањето трае до 31 октомври. Ако вашата апликација биде прифатена пак, ќе бидете дел од програмата 3 месеци, почнувајќи од 12 декември а завршувајќи на 12 март. Три месеци можеби ви изгледаат малку, но за тие три месеци ќе научите многу. Јас бев дел од оваа програма ова лето, иако под закрилата на Google Summer of Code, и можам да ви кажам дека покрај тоа што ќе станете дел од одлична заедница, ќе работите со посветени ментори од кои ќе научите многу, а и ќе стекнете непроценливо работно искуство. И секако, ќе придонесувате за развојот на слободниот софтвер, што би требало да е и мотивација сама од себе

Ако сеуште читате, одлично затоа што ќе дознаете една доста примамлива вест. Покрај тоа што луѓето ќе работат да ве научат подобро да програмирате, а вие ќе придонесувате во светот на слободниот софтвер, важно е и дека оваа „пракса“ е платена од разните спонзори на GNOME фондацијата, и тоа 5000$!

Знам дека сега сте дефинитивно заинтересирани. За оние кои можеби првпат слушаат за GNOME и програмата, кратко воведче:

GNOME е иновативна и најпопуларна десктоп околина која се дистрибуира со слободните оперативни системи, а и самата нормално е слободен софтвер. GWO програмата има за цел да привлече повеќе жени да придонесуваат во слободниот софтвер, чија бројка во моментов е сеуште мала, иако постојано расте.

Учесниците во оваа програма работат од дома, со голема помош од менторот на соодветниот проект кој ќе го изберат и тимот кој веќе работи на проектот, но и од целата GNOME заедница која е секогаш спремна да помогне, на каков проблем и да наидете.

Покрај програмерки во програмата можат да се вклучат и девојки кои би сакале да пишуваат документација, дизајнерки, а и девојки кои би помогнале во маркетингот. Проектите за кои можат да аплицирате може да ги видите овде (скролнете надоле), и слободно контактирајте било кој од заедницата или пак пратете ми мене порака ако нешто не ви е јасно.


Повеќе информации можете да најдете на блогот на Тамара.

Сподели знаење 02.07.11

Денешното Сподели знаење во КИКА започнува за ETA 1ч.

Теми: Безбедност, програмирање, систем администрација, хардверско хакирање и уште многу други. Може да го разгледаме google+ и да направиме кратка дискусија за опциите што ги нуди во одност на приватноста во овој момент.

Се гледаме во КИКА!

Sysadmining вечер во КИКА

Вечерва во КИКА започнуваме со првиот, од се надевам серијата настани поврзани со систем администрација. Идејата е да имаме ден во неделата каде што ќе можеме да посветиме и конкретно повеќе внимание на некои работи поврзани со систем администрација како на пример, како се подесува git, proxy, web, dns, dhcp, mail сервер, како да автоматизирате основни процеси под GNU/Linux со помош на bash и python, системи за централизиран менаџмент како puppet и cfengine и сл. Вечер може да се преброиме кои сме, колку сме и да видиме за што има највеќе интерес да се праи понатаму.

Некои идеи што ги имавме досега:
- билдање custom Arch Live image со помош на larch
- средување на машина за Arch mirror from scratch (ОС, RAID, инсталација и конфигурација на потребниот софтвер и сл) - ова ќе го праиме во случај да успееме да добиеме хард дискови за серверот денес, ако не некој нареден пат.

Се гледаме во КИКА во 19.00ч. До тогаш ве оставам со Adminspotting: