Програмски јазици и останато / Четврток / 28 Август / 19ч

Денеска имаме прилично неформален четврток, обично резервиран за програмски јазици но бидејќи екипата не е тука не се прави ништо посебно, доколку имате некоја идеја или некаков проблем слободно дојдете.

Сподели знаење / Сабота 23ти Август / Веќе отворено

Со оглед на тоа што скоро секој настан се дискутираат познавања кои се од напредните полиња, ова Сподели знаење идеме back to basics (но нема да чепкаме Basic 6).
Оваа сабота како теми ги предлагам:
  • Основна булова алгебра (и совети како да ја разбереме полесно)
  • Основи на статистика (дескриптивна и ако некој е заинтересиран, нешто од инференцијална)
  • Основи на класична механика
  • и уште нешто ако има заинтересираност
Портите се веќе отворени, бујрум. 

Програмски јазици / Четврток / 21 Август / 19ч.

Некои велат дека за да бидеш добар во тоа што го правиш, треба да гледаш на тоа не како на работа, туку како на игра. Еве, еден дечко, зел и ја искористил Minecraft играта како low level програмски јазик. И направил нешто интересно. Бар така мислам.
Ако и ти сакаш да направиш нешто интересно или да видиш некој што направил нешто интересно или ти си направил и сакаш да го споделиш затоа што мислиш дека е интересно или ти се чини дека многу се збори за low level јазици и сметаш дека ти треба промена на околина и имаш потреба да чуеш нови идеи, намини.
За околу пар часа портите на хаклабот ќе бидат и официално отворени.

Сподели кино: DEFCON 20 / Вторник, 19-ти Август

Фрижидерите наполнети со ред-бул и ладно пиво, мрежата обезбедена, уште +2000 луѓе да влезат во хотелот каде што се одржува најголемиот „хакерски“ настан во светот, ДЕФ - КОН. Имено, започнало со „блек хет“ другари кој едниот од нив: „Еј брат, татко ми доби нова работа, ќе морам да се селам во Лас Вегас“ - „Хмм, зошто да не направиме хакерска забава за да го испратиме нашиот верен кракер и другар“. Но! Тој заминал уште кога неговиот другар ја планирал забавата. Дошол до заклучок дека ќе ги повика сите негови „блек хет“ другари со кој ќе заминат за Лас Вегас-Невада и ќе ја направат забавата заедно со нивниот другар со околу 100 души во еден од хотелите во градот.

Денес, од блек-хет и вајт хет се до новинари, адвокати па дури и до владини службеници учествуваат на таа конвеција. Додека трае сето тоа се одржуваат и мини натпревари во кракирање на ви-фи пасворди,кракирање компјутерски системи, хардверски модификации и случно. Секоја година луѓето имаат можност јавно и пред сите да ги покажат своите сајбер постигнувања, како го бутнале системот на некоја позната фирма или како го кракирале пасвордот на комшијата во 2 минути. Од 93та кога започнало се тоа, до денес се има случувано после конвенцијата да бидат уапсени рандом луѓе поради сајбер криминал. Како го добиле името ДЕФ-КОН и како станал толку познат што луѓе поминуваат вечери чекајќи да влезат меѓу првите? Името ДЕФ-КОН го добиле така што...

Уствари, вторник се гледаме во КИКА во 19 часот да дознаеме што понатака. :)

GNU/Linux (а и Андроид) прва помош / Понеделник 18-ти Август

Стандардно како и секој понеделник... не!
Нема ништо стандардно во понеделници. А кога Јов ги губи сите слики на мобилен, наместо да прашува зошто му се дешава тоа, може да дојде за прва помош. Затоа што утре ќе се прикажува ова, настан кој инцидентно се одржува во Лас Вегас, денес ќе се обидеме да ги побиеме шансите божествата да продолжат да се обложуваат на Јов и да му помогнеме да си ги врати сликите. Слободно намини доколку и на тебе дигиталните божества го кренале облогот и се обидуваат да те натераат да колнеш по компјутерот и мобилниот. Ние сме тука да то помогнеме. Затоа што лоши ствари се дешаваат на добри луѓе.

The Corporation: The Pathological Pursuit of Profit and Power / Недела, 18ч.

Инцидентно almost Сподели кино type of thing.

Ќе го гледаме "The Corporation", канадски филм од 2003-та година кој го разгледува создавањето на корпорациите како концепт, почнувајќи од тоа што биле тогаш, привремени ентитети создавани од државата за извршување на конкретна јавна функција, како градење мост, па до тоа што се денеска. Фокусот е на јужно-американските корпорации, најмногу тие од Америка.

Па ако те интересира ова, дојди вечер од 18ч.


Програмски моноиди / Четврток / 14-ти Август / 19ч.

<BoR0> Monoid е алгебарска структура која содржи бинарна операција · и множество N за кои важи: 1. closure на множеството со операцијата, e.g. a · b = c така што ако a,b припаѓаат на N тогаш и c припаѓа. 2. асоцијативност на операцијата (a · b) · c = a · (b · c). 3. identity елемент e т
<BoR0> ака што a · e = e · a = a
<BoR0> пример: операција + врз природните броеви е моноид (0 е identity елементот). операција ++ врз листи е моноид ([] е identity елемент)
<BoR0> зашто е ова корисно? доаѓа некој рандом програмер што ти ја користи библиотеката и глеа дека имаш напраено моноид. без да гледа во кодот (и во документацијата) отприлика има sense што прави твојата библиотека
<BoR0> истото важи и за монади, функтори, етц
<BoR0> асоцијативност е корисно за паралелизам. identity елемент е корисен за рекурзија (think of base case)
<BoR0> (think of base case & pattern match*)
<BoR0> операција минус врз природни броеви не е моноид, бидејќи 1 - 2 = -1, а -1 не припаѓа во N. ама, операција минус врз integer-и е моноид, бидејќи 1 - 2 = -1, но -1 припаѓа во Z, како и 1 и -2
<BoR0> операција множење врз природни броеви е моноид, али identity елемент е 1 во овој случај. бидејќи a * 1 = 1 * a = a. а за плусот имавме a + 0 = 0 + a = a
<BoR0> после имаш други структури кои се разликуваат во својства. пример, имаш група која што е моноид ама плус бара и комутативни да бидат операциите
<BoR0> на крај се сведува учиш генерични структури коишто после ти помагаат да не трошиш многу време по документација и код. само типовите да ги видиш имаш смисла што прави кодот. и нормално, докажани се дека работат како што очекуваме :)

Вечер од 19:00 часот.

Линукс прва помош + low level thingies + компајлирање игрици / Понеделник / 11-ти Август

Да го цитирам Алекс:

<Aleks> + може да зборам за тоа како биосот го чита кернелот, првите 512 бајти на флопи диск и FAT12
<Aleks> физички/логички сектори
<Aleks> сегментација на меморија
<Aleks> реален мод
<Aleks> ствари од кој што не сум спиен деновиве :)
<Aleks> јако е што кога всушност ќе размислиш е едноставно :)
<Aleks> + сите бутираат прво во реален мод

Освен тоа:

<Aleks> може детално да објаснам за FAT12 :)))

Како што може да приметите, куп ентузијазам за објаснување на them low level stuffs. Освен тоа, може да компајлираме Wolfenstein 3D или да ја модифицираме SOCCER за CHIP8 (минатиот пост)

Вечер од 19ч. дојдете, донесете пиво, купете мате за 100 денари, бидете добри луѓе, донирајте за хаклабот итн.

ПС: ДАМЈАН СЕ ВРАТИИ!!!!!!!!!

Сподели знаење, сабота 9 август во 14:00 часот

Општонародно Сподели Знаење, настан кај што правиме се ќе се случува во 2 саат попладне, дојдете на старото добро место.

Building a computer from scratch / Transducers / Прог. јаз. / Четврток / 19:00ч. ± 15м.

"This is not a virtual machine"
I lied in the title. I'm very sorry for that cheap trick that got your attention.

Прва точка на вечерната агенда е CHIP-8 VM, имплементација на виртуелната машина на програмскиот јазик CHIP-8, кој, колку што разбирам, е наменет за пишување игри во него. Имплементацијата е во C, а тоа на сите ќе им беше јасно и без да спомнам, доколку кажев дека Bor0 ја има пишувано. За 4 часа ја напишал, he says.

Исто, ќе одвоиме 15 минути да позборуваме за transducers, ова не ни знам како да го најавам, само знам дека нешто нешто map reduce генерализација сега ги има во Clojure. Ама затоа Spion ја аплицираше својата свест врз проблемот и ќе ни објасни.

Така што, ако не дојдеш, признаваш дека не те интересираат компјутери и заслужуваш да работиш во корпорација цел живот. Се зезам. :-)

Не се зезам. Вечер во 19ч.

Еј! И донеси пиво.

GNU/Linux и Android прва помош. Понеделник 04 август 2014 19:00 часот

Има ли подобар начин да ја започнете работната недела после празниците од инсталирање на некоја дистрибуција или решавање на проблеми со вашата постоечка инсталација?
Дојдете вечер во седум часот, ќе ви ги решиме проблемите (само тие поврзани со слободен софтвер, за жал) и убаво ќе си поминете, се гледаме.