Сподели [црвено] кино на 30. април 2008 во 20ч. Точка

Велат дека „у очи празник прасе не се коле“, но ние сепак ќе го одбележиме меѓународниот ден трудот, т.е ќе го најавиме неговото доаѓање утредента.

Црвената фракција во нашата организација го пребарува интернетот за да најде што поинтересни клипчиња на оваа тема. Не очекувајте дека ќе ги најдете сите одговори за работничкото движење, комунистите или анархистите на овој настан, но вреди да се појавите. И онака, сите месари се веќе затворени во 20ч. и нема веќе од каде да ја купите скарата за први мај. :-)



Идејата е да се искористат клипови, постирани од интернет корисниците. (Youtube и сл.) Да видиме што заедницата сметала дека е значајно да се аплоудира на интернет.

Напомена: клиповите ќе бидат: сериозни/смешни/глупави/пародични.

Протест пред Владата не е закажан... но кога подобро ќе размислите... кому му треба влада ;-)

СподелиКино на 23.04.2008, 20 часот (среда) со разновидна програма

Оваа среда имаме прилично шарена програма за СподелиКино.

2057: The World

Третиот дел од трилогијата 2057: Code Red, од кој вториот дел веќе се прикажа на СподелиКино. Во овој дел ќе ја видиме вселенската станица, каде што ќе видиме како двајца астронаути ќе успеат да создадат подобар начин за искористување на сончевата енергија и ќе го спасат светот од енергетска криза во 5 до 12.












Burt Rutan на TED
Хјустон, имаме проблем. Burt Rutan пробува да го најде проблемот поради кој во 1969 можевме да слетаме на месечината, а сега треба да чекаме до 2020.


Clifford Stoll на TED
Генијалните мисли на хиперактивниот ум. ова мора да се види!!!

Времето што ќе остане ќе го пополниме со некои смешни и интересни кратки клипчиња.

Како и за секое СподелиКино доколку имате нешто интересно или поучно, споделете го, ќе го пуштиме доколку има време ( или пак другпат ).

СподелиЗнаење за викифарма, 19.04.2008 г. 12-17 ч. [Точка]

(Денес имавме прилично добро СподелиКино. Благодарност до Калина за документарниот филм и ремиските на спотовите и до Стојанче за успешната презентација за анимација на векторски слики.)

Сподели настаните продолжуваат со СЗ на тема вики фарма.



Во сабота од пладне па натаму ќе бидеме во Точка и веројатно ќе пробаме да инсталираме вики фарма со MoinMoin.

(Што е вики фарма?)

СподелиКино за музика на Интернет, 17.04.2008 во 20 ч. [Точка]

Оваа среда „Точка“ е зафатена со друг настан па затоа киното е преместено во четврток. Часот е 20 како и секогаш, а темата е музика на Интернет.

Планот беше да пуштаме едно предавање на Сет Годин за музичкиот бизнис, но бидејќи го нема тоа на Интернет (авторот го тргнал) останува да се занимаваме со другите работи. Значи:

1. Пуштаме видеа од македонски песни објавени на Интернет. Видеата ќе бидат од YouTube. Ако има кворум може и да има дискусија за ова како модел за промоција. Ако имате предлог за некое видео, допишете го во коментари.

2. Ќе видиме како се симнува музика од MySpace со помош на Firefox.

3. Може ќе го пуштиме „Танцува со мечките“. :-)

4. Други идеи се добредојдени.

Се гледаме на кино.

Сподели знаење, 12 до 17 часот, 12.04.2008 {Точка}

Спонтано собирање овој пат доведе до одржување на сподели знаење во културниот центар Точка, наспроти општествените процеси се стремат кон распуштање.

Ако ова го добиете преку вашиот РСС сервис, можете да се упатите во Точка и да ни се придружите.

Videojug на СподелиКино 09.04.2008 во 20ч. [Точка]

Оваа недела СподелиКино се враќа после еднонеделна пауза со избор од видео клипови од Videojug.com.

Тема не вечерта е: „Видео клипови кои ќе ви ги спасат животот, најдат дечко/девојка, направат фраер од обичен гик“ :-)

СподелиЗнаење сабота од 12 до 17 часот


Уште само неколку дена до замрзнување преводите на Firefox 3.

Оваа сабота ќе ги пораваме преводите на фајрфокс 3, ќе го разгледуваме фајрфокс како платформа за развој на напредни веб 2.0 апликации и ќе надградиме по некое ХО лаптопче ако дојде некое од дечињата ќе ги прегледаме најкорисните додатоци за фајрофокс и ќе гласаме кој е најупотреблив и најпопуларен од додатоците.

Значи оваа сабота е Мозила сабота во Точка од 12 до 17 часот. Бидете таму ако сакате да знаете како да го совладата фајрфокс вашиот оперативен систем за пристап на Интернет.

СподелиКино паузира поради Скопскиот филмски фестивал...

... иако проструија некои идеи да го пуштаме „Ветувања од исток“, кој поради технички проблеми е откажан на фестивалот. :-)