24c3 рекапитулари за ден 2 и 3

Конгресов е место каде секој гик би сакал да биде. Има многу интересни предавања и работилници, но и малите детали ја прават работата интересна...

Еден од хајлајтите на вториот ден од конгресот беше епидемиолошката анализа на Corrupted Blood болеста која неочекувано и непланирано се раширила низ некои градови во WoW. Нешто што веројатно е дека ќе го пуштиме на некое Сподели Кино...

Предавањето за задржување на податоци за патниците беше исто причина да се замислите... а натпреварот во докажување на правилото 34, каде 3 натпреварувачи бараат порно на зададена (навидум порно анфрендли) тема, иако добро замислен, бргу изгуби вкус.

На ден трети, нашите пријатели Марцел и Томи, заедно со Тони Пруг и Дмитри Клајнер, учествуваа во дебатата насловена Hacking ideologies, part 2: Open Source, a capitalist movement. И ова ќе гледаме да го прикажеме на Сподели Кино.

Денес е последниот ден од конгресот. Изгледа нема да стигнам на работилницата за Gapminder, но ќе пишам како поминал денот.

Успешен OLPC настан во Битола

Денес на OLPC настанот во Битола присуствуваа над 80 гости, од кои наголем број беа деца, податок што целиот настан го прави особено успешен. Малиот зелен лаптоп ги привлече сите помали од 12г. кои беа на презентацијата, а не ги поштеди ни професорите кои присуствуваа на настанот. Особено интересно беше како децата се снаоѓаа со самиот лаптоп, почнувајќи од софтверот кој работи на лаптопот, па се до тоа како да ракуваат со физичкиот аспект на машината (отворање, затворање, наоѓање на копчиња и тастери итн.).

Прво-одделенче на XO

Во текот на презентацијата Виктор спомена дека на возрасен човек во просек му треба ~12 минути за да сфати како се отвора, а на мало дете ~2мин. Тоа и успеа да го докаже малиот Александар кој лаптопот го отвори за нецели 5 секунди. Исто така, децата се снаоѓаа со иконите кои ги има на интерфејсот, веднаш добиваа асоцијации која икона за што би служела итн.

Малиот херој!

Дел од наставниците пројавија интерес за тоа како ќе биде спроведена програмата за работа со оваа образовна алатка, на што се обидовме да одговориме :)

Општо земено, настанот беше повеќе од успешен. Благодарност до сите кои дојдоа, посебно на малите ученици на кои им посакуваме успешна и слободна иднина од секоја гледна точка, па и од технолошка. Целата галерија можете да ја прегледате овде. Има што да се види!

Содржината првично објавена на www.lugola.net

24c3 рекапитулар за ден 1

Вчера беше првиот ден од 24c3 - гикохакерската конференција во Берлин. Врие од интересни луѓе. Од досегашните предавања кои ги посетив - а вчера испуштив доста, имаше 2 кои ми оставија впечаток.

Првото беше неформален how to за организирање на хакерски простор. Екипата од 4c (ccc Келн) духовито ги претстави проблемите и предизвиците за организирање на хакерско „склониште“.

Второто предавање беше насловено DNS Rebinding And More Packet Tricks од Ден Камински. Типот е Квентин Тарантино на презентирањето и покажа некои трикови за тоа како се експлоатираат слабости на веб прелистувачи за да влезете во локалната vpn мрежа. Тој открил дека некои isp-а „се лоши“ и користат дел од дизајн баговите за профитирање. Можеби Дамјан ќе објасни повеќе, особено затоа што Ден им објави војна на провајдерите.

24c3

Почнува 24ц3

Со денешното воведно отворање започна 24-тиот chaos communcation congreess во bcc, берлин.

Подоле пренесуваме она што успеавме да го чуеме, заради тоа што седевме на влезот на конгресната сала, бидејќи интересот на луѓето е поголем од капацитетот на конгресниот центар.

Темите кои ќе не загрижуваат во наредната година и понатаму се приватност, политика на чување на податоци, и битка со законодавците и хакирање на законите за да се зачува слободата на интернет. Механизмите за чување на податоците и следење на секој наш чекор на интернет се веќе поставени, Tехнологијата е позната, хаковите ќе бидат повеќе правни и медиумски, отколку технолошки.

Слики од киберкотле
и споделизнаење (од Марија).

OLPC настан во Битола

После успешниот настан во Точка (Скопје), Лугола Ве магнетизира околу Битола. Пред новогодишно изненадување, малиот зелен лаптоп доаѓа во градот на Лугола.

Имено, организираме настан на кој ќе биде презентирана целата идеја што стои зад проектот OLPC, мисијата на проектот, како и презентација на самиот лаптоп кој произлегува како алатка за децата во неразвиените земји. Македонија може слободно да се вброи во таквите земји. Овој лаптоп е ефтин, унапреден и адаптиран за детските потреби и пред се работи на база на слободен софтвер. Во соработка со Слободен софтвер Македонија, Лугола дојде до еден примерок од овој лаптоп.

Free Image Hosting at www.ImageShack.us

На 28ми декември, во петок, во 18.00ч. во просториите на салата за состаноци на СОТУ „Ѓорги Наумов“ (Техничко Училиште) во Битола (ул. Партизанска), ќе се одржи неколку-часовна презентација за сето ова. Ќе има видео материјали, бесплатни Fedora дискови, печатени материјали, како и можност за работа со самиот лаптоп, на лице место за заинтересираните. Ве покануваме сите, особено професорите од основните училишта, да дојдете на настанот и со себе да поведите ученици кои пројавуваат особен интерес за информатичките технологии. Така ќе ја помогнете нашата работа, а на учениците и самите Вие ќе можете да се запознаете со слободниот софтвер и OLPC конкретно.

Доколку сѐ оди како што имаме планирано, треба да проследите една до две видео презентации на англиски јазик, 2 презентации од активисти од Лугола и да остане време за практично презентирање на OLPC како алатка.

Сподели кино 2.09, понеделник 24.12.2007, 20 часот Точка

Мислите дека Јапонија е тотално поинаква и, благо речено, само необични и чудни работи излегуваат од таму?

Не се секирајте, не сте европоцентрични, тотално сте во право, или барем филмов што ќе ни го сподели Ладо на најновото издание на Сподели Кино ќе ви го зацврсти тоа уверување. Еве како тој го опишува:

Survive Style 5+ е најоткачено нешто направено овој век. Не знаеш што е пооткачено: сценографијата, приказната (поточно приказните) или одбраната музика?

Можеби сценографијата, која претставува таков визуелен маегери удар на сетилата, со такви бои кои би зашеметиле и далтонист. И приказните се тотално неочекувани, ама мислам дека луѓето се веќе навикнати да не наоѓаат многу „смисол“ во јапонските филмови.

За каков филм се работи всушност?

Е, па...структурно е ensemble movie, како што се Pulp Fiction или Magnolia. Има пет приказни кои директно не си влијаат, но во одредени моменти се допираат. Режисерот и сценаристот се ветерани во маркетингот и тоа се гледа во филмот. Глуми, кај фановите на јапонски филмови, популарниот јапонски глумец Tadanobu Asano, а се појавува кратко и уште еден култен глумец Shinichi Chiba, попознат како Sony Chiba од јапонските Б акциони филмови од пред 20-30 години, кого Тарантино го ангажираше во Kill Bill Vol.1, а една од улогите ја има и Vinnie Jones, незаборавниот лик на платен убиец од Snatch и Lock, Stock... филмовите на Guy Ritchie, (и тука глуми платен убиец, се разбира).

Зошто сакав да го споделам овој филм?

Сакам луѓето да доживеат еден необичен јапонски производ, да видат една пооткачена страна на Јапонија. Ако има расположение, би сакал да споделам и еден краток филм (15 минути) од јапонската комичарска група „Ramenzu“ како пример за лудиот јапонски хумор, а после филмот (ако може да издржите на столчињата во Точка :)) и една епизода на Јапанорама (20 мин.), серија за јапонската поп култура водена од Jonatan Ross.

Сподели кино 2.08 според Bi: Ден потоа

Bi на својот блог пишува за вчерашниот настан во Точка:

Знам дека можеби е лејм, ама имам потреба да кажам како помина СподелиКино и Ghost in the Shell вчера.

Супер! Иако можеше дури и подобро. :)

Подетално, како и зашто беше:
Имаше заинтересираност. Се собраа прилично луѓе кои сакаа да го гледаат, а и на крај останаа прилично кои беа расположени за дискусија во врска со темата и идеите во филмот. Јас припремив една скромна презентација со некои клучни точки околу кои се дискутираше, а може во проширена и разјаснета форма да ја постирам и тука на блог.

Луѓето имаа трпение. Првично беше замислено филмот да оди со оригинална јапонска синхронизација и англиски титл, но поради аудио форматот кој беше 5 канален и немањето време да се приспособи на стерео излез од технички причини, мораше да одиме со бекап верзијата со англиска синхрнизација и хрватски превод. Е после преводот идеше со погрешен енкодинг ама луѓето беа подготвени и за синхронизирано мисловно декодирање и претварање на Љ во Ч или p во џ... Но и тоа има некој хакерски шмек, а и поука за во иднина. ;)

Како и да е дечките од слободен софтвер кажаа дека оваа осма по ред епизода за овој циклус на сподели кино поминала досега најуспешно (изземајќи го тука презентирањето на olpc-ињата). Имало најголема заинтересираност од страна на нови посетители, како и најдолга дискусија.

Заклучок:
Мојот заклучок е дека тука ни фали повеќе SF, повеќе anime, и повеќе модерна и поп култура. Мислам дека има доволно заинтересирани луѓе, а нема доволно „официјални“ место за размена на информации, знаења и искуства од тие теми.

Се надевам дека ова ќе почне да се реализира преку СподелиКино идната година. Јас сум голем ентузијаст и имам голема надеж и очекувања. :) Ова можеби дека денес е Св. Никола (за некои попознат како Дедо Мраз), време за подготовка за божиќните и новогодишни празници.
И подароци, и љубов, и размена, и споделување. :) уф станав патетична :))
Се гледаме на следното СподелиКино, ќе има големо изненадување и филм поинаков од сè што досега сте виделе. Но, за тоа потоа.

Сите што беа вчера и се задоволни или незадоволни од нешто, имаат некој предлог или забелешка нека пишат коментар, па да пробаме да се подобриме заедно. Јас ветувам дека ќе пишам за моето видување на филмот подетално.

Основната идеја зад настаните под името „Сподели“ е секој да донесе нешто и да покаже. Така сите идеи, како и оваа на Bi за ново кино, се добредојдени. Местото за запишување е викито за слободен софтвер, каде водиме некои забелешки за тоа што би можело да има на кино.

Сподели кино 2.08 според Bi 20 часот, 18.12.2007 [Точка]


После успешното пилот Сподели кино со гостинот уредник Дарко156, за денешното издание повторно имаме гостин-уредник. Би е позната и популарна во македонските блогерски кругови, а за ова пиратско издание на сподели кино на 18.12.2007 би го вели следново...



Вторник Сподели Кино 20:00 ч. во Точка
Ќе го гледаме заедно ФИЛМОТ!
И ќе ви споделам зошто толку ми се допаѓа.

Не зашто е јапонски.
Не зашто е аниме (можда и најпопуларниот кога и да било).
Ниту пак зашто е cyberpunk.
А најмалку зашто тој е основната инспирација за Матрикс.


Ќе зборуваме и за тоа што го прави овој филм да е толку добар.
Амбивалентноста на неговата тематика, која е екстра актуелна и современа, а сепак ненормално едноставна и вечна.
Ќе гледаме филм со многу слоеви и аспекти, од кои многу може нема ни да имаме време да ги спомнеме, но нивната целовитост ќе ја доживееме.

Површинската приказна е цајканска. Терористот е хакер.
А мајор Кусанаги е киборг.
Вториот слој е културно социолошки и хибридно постмодерен.
Третиот слој е интимно психолошки и трансцедентно реален.

Не откривам повеќе.
Дојдете! \(^-^)/
Заедно да споделиме значење.

Ќе го гледаме Ghost in the Shell.

Промотивно видео за „Сподели“

Ова е пригоден блог запис за промовирање на видеото. Уживајте. :-)



П.С. Презентацијата на OLPC помина прилично добро одлично. Да се надеваме дека и следните настани ќе бидат посетени и дека ќе има дискусии.

Специјалитет од кујната на „Сподели“: Презентација на OLPC, 12.12.2007, 20 ч. [Точка]

Во рамките на активностите на Слободен софтвер Македонија поврзани со слободниот софтвер, зелениот лаптоп зазема посебно место. Успехот на глобален проект како што е „Лаптоп за секое дете“ е од огормно значење, и тоа не само за слободниот софтвер и новите технологии кои се вградени во малиот лаптоп, туку и за прашања кои се поблиски до јавноста како премостување на дигиталниот јаз или воведување на модерно образование.

Затоа ние во Слободен софтвер Македонија го сметаме ова „Сподели“ како навистина посебно. Ќе имаме презентација на XO лаптопот. Во меѓувреме работиме на тоа да може да се користат македонски преводи и македонска кирилица на него. Се надеваме дека ќе успееме да ги средиме до другата недела во среда.



Нашиот РедХет инжинер, Арангел, го носи лаптопот во Скопје. Ова ќе биде ретка шанса за да го видите лаптопот во живо и евентуално да го чепнете. Впрочем, лаптопите се наменети за деца и меѓу нив и се дистрибуираат. :-)

Накратко, презентацијата ќе има ваков распоред, со почеток во 20 часот:
  • Почеток на настанот. Вовед и објаснување за гостите;
  • Видео од презентација на Николас Негропонте - Директор на фондацијата OLPC, дадена на конференцијата ТЕD;
  • Образовните можности на OLPC;
  • Технички спецификации и можности на OLPC.
Кон крајот можеби ќе има кратки демонстрации на можностите на лаптопот за помали групи од 3 до 4 луѓе.

Ако ви требаат повеќе информации, тогаш посетете го блогот olpc.blog.com.mk кој веќе некое време ги следи случувањата во врска со OLPC и Македонија.


Се гледаме во Точка!

П.С. Може ние ќе стигнеме таму пред 20 часот, па ако има некој љубопитен - можете и да подраните. :-)

Сподели кино 2.07, 4.12.07 во 20ч [Точка]

Се враќаме со редовна програма во вторник и овој пат имаме две интересни видеа:

1. Интервју со Анина, манекенка/хакерка која објаснува како што сѐ може да се прави со мобилен телефон и како може мобилниот да ви помогне ако имате набиен распоред и брз живот. Навистина интересно интервју од NerdTV, полно со невообичаена проникливост за теми како што се технологијата и секојдневниот живот.


Интервјуто трае околу 1 час и ми се чини дека има титл. Ако не ви се доаѓа во Точка можете да го најдете во архивите на NerdTV (врската погоре).

2. Потоа едно кратко (20-тина минути) предавање од TED од Јан Чипчејс, водечки истражувач и кориснички антрополог во Нокиа.

Да ја цитирам информацијата од TED:
"A trove of mobile trivia, Mr Chipchase (actual job title: principal researcher) knows, first-hand, that burkha-wearing students in Iran cheat in exams using hidden Bluetooth headsets; that 50 per cent of the world’s women keep their phones in their handbags (and miss 30 per cent of their calls); and that most Asian early adopters who watch mobile TV ignore the mobile part and tune in from home" --Times UK
И ова видео го има на Интернет па можете да го гледате дома. Сепак, се надевам на посетеност во Точка.

Од сите досегашни вечери во Точка, оваа е со тема која е можеби најблиска до нашето секојдневие. Огромен број на луѓе во Македонија имаат мобилни, претпоставувам дека ги користат на различни начини и овој настан е можност и да се дискутира на овие теми.

Земете ги мобилните и дојдете во Точка.