Денес на OLPC настанот во Битола присуствуваа над 80 гости, од кои наголем број беа деца, податок што целиот настан го прави особено успешен. Малиот зелен лаптоп ги привлече сите помали од 12г. кои беа на презентацијата, а не ги поштеди ни професорите кои присуствуваа на настанот. Особено интересно беше како децата се снаоѓаа со самиот лаптоп, почнувајќи од софтверот кој работи на лаптопот, па се до тоа како да ракуваат со физичкиот аспект на машината (отворање, затворање, наоѓање на копчиња и тастери итн.).
Во текот на презентацијата Виктор спомена дека на возрасен човек во просек му треба ~12 минути за да сфати како се отвора, а на мало дете ~2мин. Тоа и успеа да го докаже малиот Александар кој лаптопот го отвори за нецели 5 секунди. Исто така, децата се снаоѓаа со иконите кои ги има на интерфејсот, веднаш добиваа асоцијации која икона за што би служела итн.
Дел од наставниците пројавија интерес за тоа како ќе биде спроведена програмата за работа со оваа образовна алатка, на што се обидовме да одговориме :)
Општо земено, настанот беше повеќе од успешен. Благодарност до сите кои дојдоа, посебно на малите ученици на кои им посакуваме успешна и слободна иднина од секоја гледна точка, па и од технолошка. Целата галерија можете да ја прегледате овде. Има што да се види!
Содржината првично објавена на www.lugola.net
kudos!
ReplyDeleteбаш е интересно како едно мало парче технологија знае да ги заживее работите во заедницата.
а да имавме повеќе технологија на располагање... :-)