После успешниот настан во Точка (Скопје), Лугола Ве магнетизира околу Битола. Пред новогодишно изненадување, малиот зелен лаптоп доаѓа во градот на Лугола.
Имено, организираме настан на кој ќе биде презентирана целата идеја што стои зад проектот OLPC, мисијата на проектот, како и презентација на самиот лаптоп кој произлегува како алатка за децата во неразвиените земји. Македонија може слободно да се вброи во таквите земји. Овој лаптоп е ефтин, унапреден и адаптиран за детските потреби и пред се работи на база на слободен софтвер. Во соработка со Слободен софтвер Македонија, Лугола дојде до еден примерок од овој лаптоп.
На 28ми декември, во петок, во 18.00ч. во просториите на салата за состаноци на СОТУ „Ѓорги Наумов“ (Техничко Училиште) во Битола (ул. Партизанска), ќе се одржи неколку-часовна презентација за сето ова. Ќе има видео материјали, бесплатни Fedora дискови, печатени материјали, како и можност за работа со самиот лаптоп, на лице место за заинтересираните. Ве покануваме сите, особено професорите од основните училишта, да дојдете на настанот и со себе да поведите ученици кои пројавуваат особен интерес за информатичките технологии. Така ќе ја помогнете нашата работа, а на учениците и самите Вие ќе можете да се запознаете со слободниот софтвер и OLPC конкретно.
Доколку сѐ оди како што имаме планирано, треба да проследите една до две видео презентации на англиски јазик, 2 презентации од активисти од Лугола и да остане време за практично презентирање на OLPC како алатка.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.