Дај му на човека плотер и ќе ти нацрта... // Четврток 31.03

График? Куќичка? Којзнае. Ќе видиме вечер.

ЗНАЧИ! Го склопивме и проработевме плотерот, сега на ред дојде да напишеме код, да му закачиме графитна мина и да оставиме на имагинацијата да одлучи што ќе нацртаме на листот хартија.

Како и претходниве четвртоци, вечер ќе има кокосовки, хардвер, добро расположение, а хаклабот ќе биде исполнет со хакерски дух(ови).

20 часот е времето, КИКА е местото, се гледаме!

Кокосовки: да го проработиме плотерот // Четврток 24.03

Минатиот пат го склопивме плотерот, проработевме едно моторче ама ни цркна драјверот за второто. Денес ќе пробаме да го проработиме и второто (со нов драјвер) и да го напишеме софтверот за движење на иглата.

Ништо не се знае, дојдете на кокосовки, убавото ве чека во хаклаб. Од 20ч.

ЦРТМРТ - Моторозирано чекорно цртање - Микроконтролери и кокосовки - Part 2

Тоа што почнавме минатиот пат, редно е да го продолжиме. Фау и останатите го направија механичкиот дел, скелетот на плотерот, ги наместија осовините кои ќе ја движат главата, сега треба да ги поврземе со степерите (кои треба да ги вртиме со микроконтролер.)

Значи, утре вечер:

* Поврзување на механиката и електрониката
* Основно контролирање на X и Y моторчињата

И, се разбира, кокосовки. :-) Ај чао.

Четврток (17.03) вечер од 20:00ч.



PS: многу информативно видео кое објаснува како да работат (и како да контролираш) степери.


Edit: getting there! https://twitter.com/2cmk/status/710622055633461248

Front-end средба #7, 8. март (вторник), 19 ч.

Вториот вторник во месецот е резервиран за месечните фронт-енд средби во Хаклаб.
На програмата ги имаме

  • Андреј Трајчевски (@whoeverest), кој ќе зборува за основите на Redux.js (и малку за React.js) 
  • Викторија Бачварова (@viktori_jas), која ќе не’ воведе во креирањето на UX дизајн концепти.



На иницијатива на Бобан, (@boban_radeski) дополнително би дискутирале за предлози и идеи за тоа како понатака да ги организираме и подобриме фронт-енд средбите.

Инфо: настанов може да го најдете и на meetup.com. Не заборавај да дојдеш!

ЦРТМРТ - Моторозирано чекорно цртање - Микроконтролери и кокосовки

Вечер во 20ч. продолжуваме со четврточните хардверски подвизи. На репертоарот:


  • Кокосовки 
  • ARM Cortex платформа 
  • Source code напишан во C 
  • Step моторчиња 
  • Plan to take over the world 


Идејата е да направиме некаков плотер што (многу бавно) ќе го црта графикот на присутни во хаклаб. Ќе почнеме барем, па ќе видиме до каде ќе стигнеме.

EDIT: еве до кај стигнавме. Повеќе слики тука: http://imgur.com/a/WaqGn