Извештај: Сподели Кино 2.01
Филмот беше интересен, а Star Treck фановите имаа прилика да гледаат пародија на серијалите, зачинето со дијалози и од Star Wars а сето тоа во изведба на фински хумор.
Се надевам дека Сподели Кино ќе биде исто толку (и повеќе) посетено за две недели, кога ќе проектираме видеа на тема „пиратство“.
Сподели кино 2.01, 25.09.2007 во 20ч [Toчка]

Од ен.Википедија:
Star Wreck: In the Pirkinning е игран филм од 2005-тата година произведен од пет другари во двособен стан со мал буџет и поддршка од неколку стотици фанови и неколку дузини познаници. Star Wreck: In the Pirkinning е седми по ред филм од серијалот Star Wreck, но првиот со професионален квалитет и целовечерно траење. Тој е мрачна научно фантастична комедија за доминацијата на светот и универзумот и пародија на универзумите на Star Trek и Babylon 5.
Иако филмот во основа е филм на фанови (fan film), многу критичари позитивно го споредија со типични професионално произведени научно фантастични филмови, меѓу другото заради квалитетот на специјалните ефекти и целосната продукција. Филмот може легално да се симне од Интернет под Creative Commons Attribution-NoDerivs-NonCommercial лиценца.
Ние веќе го симнавме и доколку сакате во вторник можете да си донесете USB стапче да го ископирате.
Мало предупредување: како што можеби знаете (или не?) во Точка нема проектор, па ќе треба да се позајмува. Сега за сега се оди по планот и најверојатно ќе има проектор за вторник. Сепак, за секој случај, следете на блогов да видите да не испадне да немаме проектор и да откажуваме.
Што се случуваше на денот на слободниот софтвер 2007 во Скопје #2
Како што бевме договорени, точно во 10 часот пристигнав пред Точка. Новица ме дочека со веста дека Fedora дисковите најверојатно не бутираат. Расположението веднаш ми падна на 10%. А, толку еуфорично ми почна денот, посебно поради тоа што заедницата се успеа ова да го изорганизира најпрофесионално – имаше одлично дизајниран постер, одлично дизајнирана опаковка за дисковите, солидна медиумска покриеност... Сепак, како да останевме без најбитниот момент, без дисковите со слободен софтвер кои ветивме дека ќе ги разделиме.
Добредојдовте во Точка
За жал од Fedora-та само постер
Набргу се појави и Чомбе, а после него почнаа да се собираат и останатите... Решивме да ги провериме дисковите уште еднаш пред да почнеме да ги раздаваме, но – само уште еднаш се потврди фактот дека дисковите не бутираат.
Не помина долго пред да прејдеме на план Б. Со оглед на тоа што технички бевме опремени со неколку лаптопи со снимачи на нив, Новица и Дамјан набавија празни дискови. На располагање имавме Ubuntu 7.04, кое веднаш почнавме да го умножуваме, а подоцна Боби донесе и два имиџа со Fedora.
Дискови со слободен софтвер за посетителите
Од самиот почеток почнаа да доаѓаат луѓе кои се интересираа за Linux и воопшто, слободен софтвер. Преку директен контакт со нив, се обидовме да им одговориме на сите нивни прашања. Компјутерот на Зоки беше цело време на располагање на сите оние кои беа заинтересирани да пробаат да работат под Linux.
PC-то на Зоки во акција
Прашањата најчесто се однесуваа на користење на Linux во домашни услови, но имаше и такви кои се интересираа за тоа како можат да го користат Linux-от на работа. Особено би сакал да го истакнам моментот кога еден дечко, студент на информатика, се заинтересира како може да помогне во превод на KDE, при што со Боби разменија контакт информации.
Особено интересен разговор имаа Боби и Владо со еден повозрасен посетител кој се претстави како судија во Врховниот суд. Интересен беше неговиот став за криминалното користење на слободниот софтвер :))). Боби и Владо може да го прераскажат некој хајлајт од разговорот со судијата.
Секој посетител доби CD со некоја од дистрибуциите кои ги имавме на располагање, но и флаер за SFD 2007 на чија задна страна ја пишуваше веб адресата на Слободен софтвер.
Во попладневните часови бројот на посетители опадна, по што одлучивме да се напиеме по едно пиво. Со педесетина посетители во текот на целиот ден и убава дружба, би рекол дека организацијата на Денот на слободниот софтвер во Точка помина одлично.
По едно пиво :)
Јован Костовски пишува: На ова можеш да додадеш дека покрај режењето дискови исталиравме линукс на 2-3 машини.
Главниот инсталатор Божидар инсталира Федора за Ана (десно).
Што се случуваше на денот на слободниот софтвер 2007 во Скопје
Ne bootira fedorava kaj mene.Сабота, се е спремно, а клучниот ресурс за настанот од вредна роба се претвори во кутии ѓубре. Зоки исто така побрза да ме извести за истото.
Стигнавме во „Точка“ на време (10 часот) и ги проверивме сите кутии што беа таму на неколку машини. Дисковите не boot-ираат. Се почувствува разочарување меѓу луѓето. Но, брзо се договоривме да купиме празни CD-а и да режеме Ubuntu 7.04.
Се прибравме пак во Точка. Среќа имаше доволно машини со режачи па почнавме да правиме Ubuntu 7.04 (и некои други работи кои случајно беа на лаптопите на луѓето). Глиша отиде дома да реже дискови на компјутер. Поради ова малку задоцнивме во Магор, па кога стигнавме таму ни кажаа дека некои луѓе веќе дошле и прашувале за Денот на слободниот софтвер.
Јас, Дамјан и Чомбе се наместивме во Магор и некако почнавме. Прво, додека чекавме Ubuntu, делевме Fedora и објаснувавме дека само TheOpenCD работи од целото DVD. Во меѓувреме дојдоа луѓето од ИНет, донесоа постери и рекоа да ги повлечеме дисковите со Fedora. Некако патем се чувме и со Кирил во Прилеп да му пренесеме што/како. Таму настанот беше во полн ек.
Домашните Ubuntu дискови стигнаа малку подоцна благодарение на Глиша. Иако малку старо Ubuntu 7.04 заврши добра работа. Имаше луѓе кои го немаа ни тоа или кои точно бараа Ubuntu. Се разбира имаше и такви што бараа Fedora.
Глиша со домашните „Веќе е легално“ дискови
Сепак, ми се чини дека извадивме максимум од ситуацијата. Не знам како беше во Точка (некој од таму веројатно ќе пише), но Магор помина прилично добро. По слободна проценка не посетија околу 50 луѓе секој со различни потреби и прашања. Она што многу ме изненади е што добар дел од нив беа архитекти кои се интересираа за мигрирање на GNU/Linux без да го поставуваат прашањето за AutoCAD. Веројатно на се поголем број на луѓе им станува јасно дека ако сте заглавени на една платформа поради тоа што софтверот што ви треба за професионална работа, не мора да ги трпите истите проблеми (вируси на пример) кога сурфате на интернет, гледате филмови или слушате музика.
Настанот во Магор функционираше човек-на-човек. Јас и Дамјан (понекогаш и Чомбе и Глиша) седевме на една маса во ќошот и секој пат кога ќе влезеше некој човек го седнувавме до нас и му ги раскажувавме оние приказни за слободниот софтвер кои го интересираа само тој човек.
За студентите од ФЕИТ: Што е слободен софтвер?
Отидовме да се пакуваме малку пред 6 и потоа се упативме во Мала станица. Во Арт-кафето Медиум имаше успешна проекција на филмот „Добра копија, лоша копија“. Проекцијата започна пред полна „сала“ во 20:15 - долниот дел од кафето беше целосно исполнет. Ми се чини околу 30 луѓе.
Добра копија за публиката во Мала станица
На крај, мислам дека поминавма супер. Само некако некаде сум го изгубил тоа едно пенкало што ми беше коњак. Штета.
Дисковите пристигнаа... :)
Пратката за Прилеп исто така отиде. За Скопје остануваат 2000-2500 дискови.
А и имаме супер постер:

Фала Би и Васко.
Медиуми: Ден на слободен софтвер 2007, сабота, 15 септември [Точка, Магор, Мала станица]
Еве што досега се појави во печат.
Вечер:
Дневник:
Ние (јас и Дамјан) за време на конференцијата за печат:
Сите слики од настанот во Скопје ќе бидат на ова URL: http://www.flickr.com/photos/skopjesfd2007/.
Фала Владимир!
Ден на слободен софтвер 2007, сабота, 15 септември [Точка, Магор, Мала станица]

Дискови со слободен софтвер ќе се делат од 11 до 18 часот во кафе книжарницата Магор и културниот центар Точка. На овие места ќе има и презентации во живо на оперативниот систем GNU/Linux. Се што треба да направите е да дојдете и да си земете CD. Во Точка и Магор ќе има и искусни корисници на GNU/Linux од кои ќе можете да добиете совети за тоа како да го инсталирате софтверот или одговори на други прашања кои можеби сте ги имале за слободниот софтвер.
Вечерта со почеток во 20 часот во Мала станица (Медиум) ќе има проекција на филмот „Good Copy, Bad Copy“, и ако останат, ќе има уште дискови за делење.
За да ги информира медиумите за овој настан, Слободен софтвер Македонија ќе одржи конференција за печат во четврток, 13.9.2007 во НВО инфо центарот во Скопје во 12 часот.
Сето ова ќе биде одлична најава на новата сезона „Сподели“ која наскоро ќе започне!
Настан на 15-ти исто така ќе има во Прилеп, а неколку дена подоцна и битолчани ќе организираат прослава во својот град.
П.С. За сите оние кои сакаат да го промовираат настанот, a не знаат што да напишат: слободно искористете го текстот и сликата од овој запис.