Showing posts with label Македонија. Show all posts
Showing posts with label Македонија. Show all posts

WordPress средба #4, среда, 3 август, 20ч.


Здраво,

Ние сме група WordPress девелопери, дизајнери и останати луѓе кои имаат било каков контакт со CMS платформата WordPress. Ова е наша 4та средба. Дел од нас се запознавме на конференцјата WordCamp Belgrade 2016 и потоа на WordCamp Europe 2016 во Виена, каде се договоривме да почнеме да се состануваме, да правиме т.н. WP Meetups на кои ќе раменуваме знаења, учиме и придонесуваме во развивањето и подобрувањето на WordPress платформата.

На оваа средба, како предлог од авторот на објавава е да гледаме видеа од овогодинешниот WCEU и да дискутираме за нив. Секако, доколку се јават идеи за конкретни теми, можат да се додадат на агендата.

Настанот е отворен за сите заинтересирани, без разлика на искуството и начинот на користење на WordPress.

Доколку имате теми за кои сакате да дискутираме/споделите знаење, побарајте нѐ на фејсбук, или едноставно дојдете во среда, 3ти август во 20:00 во КИКА и дискутирајте! :)

Се гледаме!

Сподели знаење - 6.април.2013 во Хаклаб од 14 часот

И оваа како и претходните 217 саботи од 2006 година во Хаклаб од 14 часот „Сподели знаење“. Не заборавај да дојдеш!

Хаклабот КИКА е место за споделување и стекнување знаење, место каде се собираат луѓе заинтересирани за технологија, компјутери, машини, електроника, слободен софтвер, слободна култура. Хаклабот служи како отворен простор каде заинтересираните можат да изработуваат најразлични проекти, заеднички или индивидуални. Хаклаби има секаде во светот КИКА е еден од нив.

Offline локацијата на Хаклабот е на ул. „Васил Стефановски“ бр.8/1 во центарот на скопје близу до поликлиниката Идадија. Погледни ја мапата со локацијата за подетално да се снајдеш.

Online локацијата e IRC каналот #lugola, на поштенската листа или на wiki-то за слободен софтвер.

Програмски јазици 12.07.2012 20 часот Pywikipediabot

После состанокот на Википедиа Македонија т.е. неврзаниот разговор кој го имавме со двајца нивни членови, дечките изразија желба да им помогнеме околу Python API-то за MediaWiki. Имаат едно чудо идеи како да се искористи API-то во нивната работа. Потребни им се програмери кои би им помогнале т.е. да им напишат различни програмчиња кои би работеле како ботови, во позадина и би генерирале различни статии на македонската верзија на Википедиа врз база на дадени шаблони и податоци за статиите. Покрај ова имаат и идеи за лексичка анализа на статиите, па и тие што ги интересира статистика и обработка на природни јазици слободно нека дојдат. Документацијата за работа Python ботот за Wikipedia можете да го ѕирнете тука.
Дојдете ќе се дружиме, ќе куцкаме Python код и ќе им помогнеме на Википедијанците од Македонија.

Ажурирано:
Дојдоа дечките од Викимедиа и си направивме здрав муабет како може да се придонесе во развојот на македонската верзија на Википедиа. Ни покажаа како се користи пајтон ботот и видовме неколку примери. Проблемите изгледаат многу интересно, а не се страшни за програмирање, па сите што сакаат да си играат со пајтон и уредување на вики страници со ботови нека ја посетат страницата со листата на барања за пишување на ботови и нека им се пријават на википедијанците дека почнале да работат на нешто.

Состанок на Викимедиа Македонија 10.07.2012 19:30 часот

Од денес, па натака во вторниците кои следуваат ќе имаме нова дружина на дружба. Имено, дечките од Викимедиа Македонија ќе ги даржат своите состаноци во Кика секој вторник со почеток во 19:30.
Сега за сега и ние толку знаеме и така ви пренесуваме, за понатака дечките сами ќе си ги објавуваат овие работи и ќе ве информираат подетално за настаните што ќе се случуваат и работите кои тие ги работат.
Јеееее имаме уште една заедница во Кика #MKWIN Ми хепи :)))

Ажирирано:
Дечките од Википедиа Македонија имаат некои идеи како автоматски да генерираат различни статии, во четврток на програмски јазици ќе разгледаме што точно сакаат и како сакаат тоа да се направи.