Showing posts with label wordpress. Show all posts
Showing posts with label wordpress. Show all posts

WordPress средба #4, среда, 3 август, 20ч.


Здраво,

Ние сме група WordPress девелопери, дизајнери и останати луѓе кои имаат било каков контакт со CMS платформата WordPress. Ова е наша 4та средба. Дел од нас се запознавме на конференцјата WordCamp Belgrade 2016 и потоа на WordCamp Europe 2016 во Виена, каде се договоривме да почнеме да се состануваме, да правиме т.н. WP Meetups на кои ќе раменуваме знаења, учиме и придонесуваме во развивањето и подобрувањето на WordPress платформата.

На оваа средба, како предлог од авторот на објавава е да гледаме видеа од овогодинешниот WCEU и да дискутираме за нив. Секако, доколку се јават идеи за конкретни теми, можат да се додадат на агендата.

Настанот е отворен за сите заинтересирани, без разлика на искуството и начинот на користење на WordPress.

Доколку имате теми за кои сакате да дискутираме/споделите знаење, побарајте нѐ на фејсбук, или едноставно дојдете во среда, 3ти август во 20:00 во КИКА и дискутирајте! :)

Се гледаме!

Сподели знаење сабота 15.06.2013 од 14 часот

Сабота од 14 часот во Хаклаб e Сподели знаење во Хаклаб.

Оваа сабота, најверојатно ќе збориме за овие точки, или можеби нема но не заборавај да дојдеш.
  • Презентација за слободен софтвер, што е слободен софтвер, зошто треба да го користите, и како може да ви помогне, а како вие може да помогнете да биде подобар.
  • Мозила, моментална состојба и тековни акции во проектот Мозила, од нашиот Mozilla Representative Гоце Митевски.
  • Потоа следува како да употребувата слободен софтвер конфигурација на Wordpress со Woocommerce за maicka.spodeli.org
  • Дизајн со алатки кои се слободен софтвер за разубавување на maicka.spodeli.org