First All Women Hacker Night во КИКА

Во среда во 18:00 во хаклаб КИКА, решивме да свикаме еден ексклузивен состанок на женската хакерска дружина од Македонија. Иницијално овој состанок има за цел да се запознаеме и подружиме, ако сме расположени можеме и да сработиме нешто :)

Како што вели Јованка во нејзиниот блог:„Идејата се појави пред одредено време кога на канал стана збор за жени девелопери од Остин, Тексас кои што си организирале една ваква собиранка. Па мојот одговор на тоа беше зошто не и ние.Услови имаме, па зошто и да не ги искористиме.“

Добредојдена е секоја девојка која е заинтересирана за: „слободен софтвер, GNU/Linux, но и општо технологија, компјутери, хакирање (не кракирање), мрежи, сервери, електроника, слободна култура и општество, геџети, роботи итн.“ (превземено од страницата на КИКА).

На крај би сакала да го потенцирам широкиот поим за што е тоа хакер, за кој ви препорачувам да ја прочитата следната статија, a еве и извадок : „Терминот хакер од различни извори се толкува на различни начини. Објаснувањето на овој термин најчесто доведува до забуна кај корисниците со терминот кракер. За разлика од нив, хакерите се лица кои се борат за слободна информација, кои ја сметаат технологијата за предизвик и кои сметаат дека нема ништо што би можело да застане помеѓу нивната желба за знаење и осознавање и она што сакаат да го добијат. Најчесто хакерите бараат предизвик за решавање на проблеми кои ги нуди технолошкиот развој, особено Интернет. Иако терминот хакер може да се поврзе со било кој аспект од животот, најчесто тој се поврзува со компјутерски професионалци кои знаат како да направат работите да функционираат. “

Сите кои се заинтересирани или имате некое прашање, можете да не контактирате мене (tamara.atanasoska20@gmail​.com) и Јованка Гулицоска (jovanka.gulicoska@gmail.c​om).

И како што вели Јованка: Девојки компјутерите во раце и да го завземеме хаклабот барем на една вечер!

СподелиКино: Славој Жижек и Џулијан Асанж дебата во Frontline Club


(Среда, 6 јули во 20:00 часот. Галерија 7 - Стара чаршија)

Летно СподелКино со Славој Жижек и Џулијан Асанж. Дебатата што се емитуваше пред неколку дена од Лондон е фокусирана на етиката и филозофијата зад работата на Wikileaks, но допира и многу други прашања, меѓу кои и улогата на новинарите и прашањата за демократијата на Блискиот исток.

На прецизниот Асанж, овој пат му се придружува луцидниот (и забавен) Жижек кој се грижи и дебатата да добие поширок контекст.


Некои причини да го гледате ова:
1. Ако сте новинар, меѓу другото, за да видите како Ејми Гудман професионално ја одработува улогата на модератор.
2. Ако сте филмофил, меѓу другото, за да видите како Жижек наоѓа референци во филмовите за многу актуелни теми од денешноит свет.
3. Ако сте информатичар/програмер, меѓу другото, за да видите како технологиите можат да придонесат за менување на општеството.
4. Ако сте правник, меѓу другото, за да видите како  сѐ може да се поима правната држава.
5. Ако сте заинтересирани за тековните случувања во светот, дека оваа дебата е навистина добар сублимат на меѓународната секојдневица.

Почнуваме во 20 часот. Дебатата трае нешто помалку од 2 часа.

Gnu/Linux прва помош, понеделник од 19:00

И утре, 4.07.2011, како и секој понеделник терминот од 19:00 до 21:00 резервиран за граѓанската должност „Помагање на почетници“.

Плус random.

Сподели знаење 02.07.11

Денешното Сподели знаење во КИКА започнува за ETA 1ч.

Теми: Безбедност, програмирање, систем администрација, хардверско хакирање и уште многу други. Може да го разгледаме google+ и да направиме кратка дискусија за опциите што ги нуди во одност на приватноста во овој момент.

Се гледаме во КИКА!