СподелиЗнаење: Хакирање со OLPC во Точка, 29.03.2008 (сабота) од 12 до 17 часот

Оваа сабота се собираме Точка и ги пречекуваме дечињата од ОУ „Војдан Чернодрински“. Во периодот од 12 до 17 часот ќе се обидеме да ги поправиме проблемите што ги имаат со XO лаптопите.

Хакиран OLPC

Ако сакате да се приклучите дојдете во Точка и земете со вас празно USB стапче.

Инаку, во меѓувреме веројатно ќе чепкаме и други работи (како на пример грешки во преводот на Firefox).

Се гледаме во Точка.

Одбележување на денот на слобода на документите

Оваа среда СподелиКино великодушно го отстапува терминот за една кратка
презентација по повод Денот на слобода на документите организирана од Слободен софтвер Македонија во рамките на СподелиЗнаење.

Оваа манифестација се ќе се одржи на 26 март 2008 година во повеќе земји во
светот, иницирана од Европската фондација за слободен софтвер. Целта е да се подигне
свеснота за употреба на отворени стандарди и документи кои ќе можат да се употребуваа
на било која платформа во било кое време

Слободата на документите претствавува користење на отворени формати за нивен запис
кои се базираат на отворени стандарди со тоа вашите податоци остануваат за секогаш под ваша
контрола и ниеден неслободен формат неможе да ги зароби.

Покрај овој вовед програмата за оваа среда е

  • вовед за денот на слобода на документите
  • презентација (Што се слободни документи? Зошто ми се потребни? И како до нив?)
  • практични примери од нашето е-секојдневие како да се снајдете со неслободните документи, како да ги заобиколите затворените стандарди и повеќе од тоа
  • прашања и одговори

Повелете, придружете ни се!

http://odf.slobodensoftver.org.mk

Укради го овој филм на СподелиКино, 19.03.2008 во 20 ч [Точка]



Ова е вториот дел од документарецот за најголемата веб-страница за индексирање на дигитални содржини, Пиратскиот залив (The Pirate Bay). Во филмот се дискутираат технолошките и културолошките аспекти на војните за авторските права и импликациите на Интернет-технологиите врз можностите за копирање содржини. Се коментира за изјавата на Марк Гети дека „интелектуалната сопственост е нафтата на дваесет и првиот век“ која се толкува како отворен повик на војна.

Во филмот се појавуваат администраторите на Пиратскиот залив, членови на Пиратската партија и многу интелектуалци кои се свесни за импликациите на новите технологии како и за стравувањата дека новите технологии го загрозуваат развојот на културата и општеството (што не се случило со претходните појави на нови технологии, а нема да се случи ни сега).


Филмот е сниман на надворешен тврд диск од 250 GB си позајмена HD видеокамера и се разбира со симнат (downloaded) софтвер за видеоуредување.

Погледнете го филмот. Научете зошто и едноставното зборување меѓу двајца е КОПИРАЊЕ!...

http://www.stealthisfilm.com/Part2/

Р.Ѕ. Овој филм не е достапен на физички медиуми затоа што авторите немаат канцеларија, немаат опрема за преснимување и филмот е достапен преку Интернет и е со висок квалитет и... нели е веќе време да се научите како да користите БитТорент?!

Имаме проектор, ќе го тестираме. :)

„Сподели“ продолжува овој четврток од 20 часот во Точка.

Нема ништо посебно планирано освен тестирање на проекторот со некои кратки клипчиња, и некоја други геџети како eeePC и неколку XO-а.



Слободен софтвер Македонија им се заблагодарува на сите што помогнаа во купувањето на овој проектор.

Интермецо

Денес е втора среда како не се одржува Сподели Кино. Културниот центар точка, нашите домаќини имаат планирано некои настани поради кои паузираме веќе втора недела.

Но, сепак нешто се подготвува додека навидум работите изгледаат мирно на површинтата.

Акцијата за донации беше успешна, им благодариме на сите кои донираа за набавка на проекторот, кој и деновиве треба конечно да го купиме и со тоа ќе решиме два проблема.

Прво, Сподели Кино ќе си продолжи со оддржување, очекуваме и г-цата Би да ни се придружи во нешто потоа, и најважно од се започнуваме со Сподели знаење (УРА!!!) терминот уште не е познат, ние типуваме на сабота од 10 или 12 до кога ќе можеме.

Еве јас уште сега пријавувам Основи на градење на теми во Друпал или инсталација на Друпал за почетници :)

За останатите теми посетете го викито, има интересна секција кој би било згодно секој да ја пополни, што знае и нуди да сподели и што некој не знае а сака да биде споделено за да научи.