Showing posts with label tor. Show all posts
Showing posts with label tor. Show all posts

Понеделник прва помош 8.12.2014 од 19 часот.

Ако имаш проблем со некој уред на кој што работи слободен софтвер, дојди во Хаклаб денеска од 19 часот да пробаме заедно да го решиме.

Дополнително денеска ќе инсталираме Tor Relay на openwrt уреди. Па ако имаш таков и сакаш да придонесеш во брзината на Tor мрежата дојди и донеси го.

Сподели знаење сабота, 19 јануари од 14 часот

Оваа сабота на Сподели знаење од 14 часот до доцна во ноќта:
  •  Ќе одржиме работилница за приватност и анонимност на локална мрежа и на Интернет. Ќе зборуваме за каков отисок оставаш кога сурфаш, како да го минимизираш тоа, ќе конфигурираме Tor
  • Ќе правиме тест миграција на Drupal и Mediawiki инстанци од Apache+mod_php на nginx + uwsgi на Debian stable.
  • Од 18 часот ќе пробаме да направиме заеднички Меморијален Хакатонот во чест на Арон Шварц со блиските Хаклаби од Белград, Загреб и Љубљана. Листа на идеа на Piratepad.

Не заборавај да дојдеш.

План за Сподели знаење #12, 02.05.2007 (среда!) [ФЕИТ]

Овој пат на ФЕИТ се наоѓаме во среда, бидејќи вторник е неработен ден.

Илин Петковски вели:

Планот е да се презентира Onion routing технологијата, инфраструктурата и начинот на комуникација. По теоретскиот дел планирам да изведам практична имплементација на Onion рутирањето со помош на Tor (http://tor.eff.org/). Практичниот дел може лесно да се изведе и со еден компјутер и интернет конекција. Но, она што би било навистина интересно да се направи е, мини Onion рутирачка мрежа, на самата презентација. За таа цел би било убаво да се соберат што повеќе компјутери може (најмалку 4-5), со цел да се прикаже прецизноста на работењето и „вистинитоста“ на локалната симулација.

Ако има време може ќе правиме и нешто друго. Прашања и предлози овде или на поштенска листа. Тој што може да донесе лаптоп исто може да се пријави.

Се гледаме во среда!

П.С.Традиционално на 2-ри се споделуваше скара. Тоа што овој 2ри е работен, значи дека не може да вадите изговор дека сте се запиле на пикник и не сте дошле на СЗ. :)