Ако имаш проблем со твојот компјутер на кој работи било каков слободен софтвер дојди во Хаклаб заедно да пробаме да го решиме од 19 часот.
И ако немаш проблем, сепак дојди, Хаклабот е место каде што немора ништо да се сработува а каде се прават неврзани муабети за технологија, софтвер, хардвер, електроника, програмски јазици, компјутерска безбедност, приватност на интернет...
Showing posts with label технолошка зона. Show all posts
Showing posts with label технолошка зона. Show all posts
Слободен Софтвер се Бори Женски
Слободен софтвер - Македонија, Бори се женски и хаклабот КИКА ве покануваат на презентација на програми за пракса за жени и девојки.
Во време кога светот на технологијата е претежно окупиран од мажи, а во областите како слободниот софтвер учеството на жените е уште помало, програмите како Gnome Women Outreach, Google Summer of Code, Etsy Hacker Grants: Supporting Women in Technology итн., се обидуваат да отворат врата повеќе кон оваа област за жените.

Во среда ќе споделиме лични искуства од учеството во овие програми, но и како изгледа и што значи да си жена во IT. Ќе споделиме и практични упатства за тоа како да се приклучите и да станете дел од програмите за пракса и да придонесете во развојот на слободниот софтвер, а притоа да ги развиете своите вештини во областа на програмирањето, дизајнот, маркетингот и пишувањето документација.
Програмата е отворена за сите девојки и жени кои имаат предзнаења од програмирање, дизајнирање, а доколку немаат, можат да се приклучат преку преведување, пишување документација, маркетинг и активности поврзани со развивање на капацитетите на заедницата.
На 20 февруари во 20 часот, се гледаме во хаклабот КИКА, еден редок позитивен пример за простор каде мажите и жените заедно активно соработуваат и споделуваат знаење.
КИКА: Конкурс за лого
Драги пријатели,
Потребна ни е Ваша помош за дизајн и избор на лого за првиот Хаклаб во Скопје: КИКА. Сите предлог решенија можете да ги испратите на info ет slobodensoftver.org.mk до 24ти октомври 2009г. во векторски формат (пожелно е SVG) и една копија за преглед (пожелно PNG).
Инаку КИКА (Кика е: Информации: Култура: Автономија) е првата технолошка автономна зона - хаклаб, која ќе се користи за промовирање на користењето и развојот на еманципирачки технологии како слободниот софтвер, јавниот, отворен и пристапен интернет и алтернативните медиуми базирани на социјалните мрежи.
Не поставуваме никакви дополнителни ограничувања бидејќи сакаме да ја искористите Вашата имагинација и да креирате нешто што Ве асоцира на некои или сите од клучните зборови објавени во овој пост.
Лепенки
КИКА,
култура,
лого,
слободен софтвер,
технолошка зона,
хаклаб
Subscribe to:
Posts (Atom)