Вчерашното собрание на Слободен софтвер Македонија отрки и потреба за помладите членови, но и за оние кои подзаборавиле, да се објасни што е што во односите и работата на Слободен софтвер Македонија, Сподели и КИКА -- или барем како е замислено и правено порано.
Слободен софтвер Македонија е невладина/непрофитна организација, или согласно македонската законска терминологија здружение на граѓани. Здруженијата на граѓани според македонските закони постојат за остварување на нивните цели, дејности и заштита на права, интереси и уверувања во согласност со Уставот и закон. Целите на Слободен софтвер Македонија се дефинирани во нејзиниот статут, иако веројатно по самото име секој може да препознае кои се тие. Во преамбулата има: „Несебична промоција на слободниот софтвер како и креирање и пропагирање на свесност за поврзаните социјални и филозофски прашања“, а подолу во член 3 „ промовирање, развој и дистрибуција на слободен софтвер со цел да се поддржи слободната размена на информации и еднаквите шанси за достапност до софтвер, како и образование во согласност со принципите истакнати во преамбулата“.
Сите членови на Слободен софтвер Македонија, пријавувајќи се да станат членови, самите себе се обврзуваат да работат на остварувањето на овие цели. Ова вклучува секакви работи, дури и досадни работи како одење на настани организирани од државни институции каде што се допираат точки од овие цели. Секако членовите имаат обврска да плаќаат членарина и да учествуваат во работата на органите на Слободен софтвер Македонија. Со цел да се избегне парализа на ова последното, статутот на организацијата дозволува различни нивоа на „членство“ и „придружување“ така што човек може да биде дел од пошироката заедница, и формално и неформално, без да има обврска да ги прави досадните работи како што се состаноците.
Е сега, специфично, целите Слободен софтвер Македонија ги остварува преку програми и проекти. За разликата помеѓу програма и проект можете да прочитате на пример овде.
На почетокот Слободен софтвер Македонија имаше една програма: Локализација на слободен софтвер на македонски јазик. Во рамките на таа програма имаше проекти: како локализација Опенофис, или Мозила, или КДЕ. Исто така на почетокот имаше проекти како „инстал фест“ или слично. Во еден момент се случија две работи: започнавме нова програма - Сподели и ја затворивме таа за локализација.
Програмата „Сподели“ вклучува исто така повеќе проекти. На нејзините почетоци, таа се случуваше на различни локациии во градот каде што имаше услови за да се прави СподелиКино (Точка, Галерија 7, Кула, Мала станица) и СподелиЗнаење (воглавно Точка), и некои други работи кои претходно постоеја како самостојни т.е. во времето кога се работеше локализација не припаѓаа баш во таа програма -- како што беа предавањата за слободен софтвер и авторски права за студентите од општествените факултети (Економски, Правен/политички и сл.). А подоцна тука се придодаде и организирањето/учестувањето на НСНД.
Како што се менуваа околностите (Точка затвори, бевме во Берлин на CCC и видовме што е c-base) решивме дека треба во Скопје да направиме наш хаклаб (за интересна дискусија помеѓу хаклаб и хакерспејс проверете овде). Имавме среќа на почетокот затоа што и други групи беа тргнати да прават некакви свои независни простори и првиот хаклаб се отвори во сега непостоечкиот Геолошки институт.
Хаклабот КИКА на некој начин е мета-проект. Проект е во рамките на програмата Сподели, но истовремено им дава локација/физичка присутност на другите проекти од истата програма, и дополнително дозволува да се прават други работи во истиот физички простор кој не нужно се поврзани со Сподели/Слободен софтвер Македонија.
Затоа имаме разлика помеѓу член на хаклаб и член на Слободен софтвер Македонија. Членувањето во хаклабот (и учестувањето во трошоците за кирија) му дава на членот право да биде кога сака во просторот и да прави што сака (сѐ додека е во согласност со закон и добро однесување генерално) -- се разбира во времето кога не пречи на редовните планирани активности на организацијата. Така во суштина нема никаква пречка во хаклаб да има група членови кои ќе рабоат на пример програмирање за iOS иако тоа не е ниту слободен софтвер ниту е поврзано со Сподели (иако такво нешто никогаш не се случило).
Членовите на Слободен софтвер Македонија пак самите себе се имаат обврзано (со членството во организацијата) во хаклаб да ги прават активностите на организацијата (т.е. Сподели и проектите). Овие беа дефинирани како 4: Прва помош за GNU/Linux, програмски вечери, сподели знаење и сподели кино. Тие се имаат случувано со различен интензитет од отворањето на првиот хаклаб па сѐ до денес. Ова повеќе не е случај.
Членовите на Слободен софтвер Македонија секако може да изгласаат дека програмата Сподели нема повеќе смисла (како што направивме пред икс време за локализацијата) и со тоа да се ослободат од неа, или може да изгласаат да ја променат, па да смислат други активности, друг распоред итн. Сепак, што и да решат, сѐ додека се членови на Слободен софтвер Македонија, мора да смислат и да работат на целите на организацијата. Сето тоа е - се разбира - доброволно. Членството во организацијата може да се прекине во секој момент.

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.