Оваа среда во хаклаб ќе ни гостува Игор Трајковски. Ќе зборува за тоа како машината може да препознае дали авторот на еден текст има позитивно или негативно мислење на темата за која што пишува (ако добро сфаќам.)
Во негови зборови:
Во негови зборови:
„Во ова предавање ќе прикажат едноставни пресметковни методи за одредување на сентимент (позитивен или негативен) на даден текст. Покрај основната теорија поголем дел од времето ќе се искористи за приказ на конкретна имплементација во програмскиот јазик Python користејќи библиотеки за нумеричко пресметување и машинско учење.“
Ова е првото од двете предавања кои Игор ќе ги одржи во КИКА. Следното ќе биде за невронски мрежи, така што будно следете и чекајте следни објави на блогов. :-)
Инаку, Игор е сопственик на Time.mk и бивш професор на ФИНКИ. Има докторирано во областа на вештачката интелигенција.
Претпоставувам дека ќе има гужва, затоа дојдете на време да си фатите столче.
Се гледаме во среда, во 19:00ч.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.