Front-end средба #14, вторник, 8. ноември 2016, 19 ч.

Вториот вторник во ноември пристигнува за неколку дена, а како и секогаш, на тој ден во Хаклаб е нашата фронт енд средба.


Овој пат имаме повторно интересна тема на програмата: Игор Буловски ќе презентира за временскиот развој на Javascript јазикот, библиотеките и framework-ците и ќе зборуваме за насоките во кои тој динамичен еко систем се движел и (ќе) се движи.

Освен презентацијата, може да се договориме кога да ја повториме Git работилницата која ја организиравме минатиот месец и која помина одлично. Сите заинтересирани можат да се запишат на отворениот документ, а капацитетот е 10тина места.

Се гледаме!

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.