После подолго време повторно Програмски јазици во хаклаб... Во денешно време на cloud системи се менува концептот на развој на апликации вклучувајќи ги и методологиите за развој. На оваа средба ќе се фокусираме на развивање на апликација користејќи ги принципите на 12 factor app. Апликацијата што ќе ја развиваме на оваа средба ќе се состои од три дела: АПИ, worker и фронт-енд.
За програмски јазик ќе користиме Python, додека во однос на технологии: за АПИ-то ќе користиме falcon; за worker ќе користиме Celery; за фронт-ендот ќе користиме Bootstrap.
Се гледаме во четврток во 19 часот.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.