Наместо стандардната средба во вториот вторник во месецот и поради барање на публиката, оваа сабота во хаклаб ќе учиме Git.
Што е git и зошто работилница за git?
Git e моќна и корисна алатка на слободниот софтвер која овозможува колаборативно пишување на (најчесто) код и соработка со други луѓе на ист проект.
Со git и системот за верзионирање, на кој git е базиран, можеме да работиме заеднички со други на исти фајлови, без да се секираме дали некој ќе промени нешто и дали ќе има конфликти. Git го дозволува менаџирањето на ваквите ситуации. Исто така, git ни дозволува "враќање во времето" и чување на постари верзии (index-1.html, па index-1-finalno.html па index-1-FINAL.html не е многу прегледно), во случај да сакаме да се вратиме на некоја поодмината верзија на фајлот и да почнеме од таму.
Колаборативната работа на софтверски проекти денес е невозможна без користење на ваква алатка. Токму затоа оваа сабота идејата е да споделиме корисни начини за работа со него. За работилницата е потребен лаптоп и инсталиран git, а на следниве линкови може да се прочита и нешто повеќе:
Инфо: Местата во моментов се пополнети, но ако не можеш да дојдеш a си се пријавил/a, ослободи го своето место на друг/a преку отворениот документ http://piratepad.net/yyU20gfYrf. или пак запиши се во дополнителната листа, па ќе се обидеме да организираме уште една работилница ако има интерес.
Се гледаме!

- https://www.atlassian.com/git/tutorials/what-is-version-control/
- https://medium.com/designing-atlassian/learn-to-love-git-part-one-the-basics-90429f456ace#.w7l8wazz4
- https://try.github.io/levels/1/challenges/1
Инфо: Местата во моментов се пополнети, но ако не можеш да дојдеш a си се пријавил/a, ослободи го своето место на друг/a преку отворениот документ http://piratepad.net/yyU20gfYrf. или пак запиши се во дополнителната листа, па ќе се обидеме да организираме уште една работилница ако има интерес.
Се гледаме!
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.