SysAdmin средба #5, четврток, 22 септември 2016, 20ч.

Ајде да се собереме и да си кажеме како си пројдовме летово, покрај плажите и планините кои се надевам ги посетивте, да видиме што се случило и што ќе се случува ново во SysAdmin светот. Време е да позборуваме за облаците кои ни се појавуваат деновиве на небото, но и во компјутерскиот свет или:

  - како што вика самиот Георги Станојевски (https://github.com/glisha): „Ќе раскажам за Ansible и Google Cloud Platform. После со мал пример во Ansible специфично за Compute Engine ќе пробаме да видиме како е лесно да се направат и конфигурираат една или 10 виртуелни инстанци.“
  - за на крај Дамјан Георгиевски ни каже многу на кратко за letsencryptshell поради тоа што како што вика самиот: „треба да ги подновам сертификатите за paste.softver.org.mk и wiki.spodeli.org.“

Се гледаме:
  - во четврток, 22 септември 2016, во 20ч.
  - во Хаклаб КИКА (http://b10g.spodeli.org/p/blog-page.html).

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.