Програмски јазици: Haskell Katas // четврток, 1-ви октомври

Последниве неколку недели на програмски јазици работиме само Haskell. Можеби се формира мини заедница околу јазикот? Hope so.

Минатиот пат решававме Project Euler. Може да продолжиме со тоа, да најдеме некои други вежби (ако првиве станат премногу математички) или па да ја куцаме на Шпион идејата за exercise проект.

Така да, ако те интересира функционално програмирање: Четврток, 19:00, Хаклаб КИКА

Writing Python scripts for NUKE // четврток 24-ти септ.

Текстот подолу, на почетокот, требаше да биде најава за настанот вечер: ќе го разгледуваме програмот NUKE (го користат во fx3x во 2D одделот) и ќе пробаме да напишеме некоја скрипта. Дизајнерите ќе ни покажат како се прават дизајнерските работи, ние нив како да пишуваат скрипти во Python.

Вечер од 19ч. во КИКА.

---

(accidental blogpost напишан од Андреј Т.)

Луѓето кои учат да програмираат можат да се поделат во два кампа.

За првите (а тоа се обично луѓе кои на рана возраст го напишале својот прв код) програмирањето е свето и активност доволна самата за себе. Пишуваат код само за да напишат што подобар код. Кога се тинејџери, значката „програмер“ ја носат со доза на гордост и имаат чувство дека припаѓаат на некаква си елита.

Вторите, од друга страна, се луѓе кои на програмирањето гледаат како на алатка, начин да си ја остварат замислата. Некогаш тоа е сајт преку кој ќе продаваат накит, другпат социјална мрежа за зајчиња. Почнуваат да програмираат подоцна во животот и нивните ставови се покротки отколку на програмерите од првата група.

(Има и трет камп: луѓе со идеи кои не сакаат да учат програмирање.)

Кога бев тинејџер, само луѓето од првата група беа вистински програмери. Но како што поминуваше време, животот почна да ми сервира контра-примери.

Еве еден таков пример: запознав човек кој до 20 години растоварал камиони, а цела фирма се потпираше на неговата способност да дебагира програми напишани во ______ (додај било кој програмски јазик тука.)

Кога конечно - после повеќе години професионално програмирање - направив чекор назад да видам во кој камп припаѓам, го сфатив следново: луѓето од кампот на „луѓе со идеи кои не знаат да програмираат (3)“ ги најмуваат луѓето од кампот „вистински програмери (1)“ за да им ги реализираат идеите. А јас сум еден од нив.

Што е тогаш разликата меѓу „вистинските програмери (1)“ и „практичните програмери (2)“? Првите ги реализираат туѓите идеи за пари, а вторите своите.

Освен тоа, има една особина која мислам дека ги краси „вистинските програмери“: тенденцијата да пишуваат убав, елегантен код (или, едноставно, желбата да се занимаваат со прашањето) наспроти брзањето да го завршат проектот ги прави повешти занаетчии.

Способноста елегантно да напишат програм кој никој не го користи, исто така не е за потценување.

На крајот од денот, џабе делењево во кампови. Во кампови нема интернет.

Haskell Night // четврток 17 сеп.

Пред некој ден се договоривме овој четврток да биде резервиран за чепкање Хаскел. Без некоја посебна агенда. Се гледаме од 19ч. па натаму.

Квантни компјутери и криптологија // Симона Самарџиска // четврток, 19:00

Симона е една од поскромните личности кои ги знам, па и најавата за нејзиното предавање треба да соодветствува:

  • Мони е најбоље човек на планетата
  • Знае највеќе математика од сите
  • Пред месец дена докторираше во Норвешка
  • Се занимава со квантни компјутери
  • Поконкретно, со криптологија во време кога класичните крипто-системи (како RSA) they no worky anymore.
Полниот наслов на презентацијата е „Што се квантни компјутери и која е нивната врска со криптологија?“ и е воведниот дел од нејзината докторска дисертација. Темата на докторатот е „Multivariate public key cryptosystems produced by quasigroups.“

Се мислев како да го нашминкам постов, ама ако размислам, не ни мора. Два часа дискусија за квантни компјутери, криптографија и математика; ако тоа не ве купи - не доаѓајте, ич не доаѓајте. :-)

Четврток, 19:00ч, хаклаб.