Поминаа 3 години откако на FOSS блогот на Google се појави статијата за GSOC meetup-ите и студентите кои таа година беа примени.
3 години откако КИКА беше отворена 24 часа, дење и ноќе, додека траеше аплицирањето.
Тоа беше периодот кога не знаевме Линукс и не знаевме да го искомпајлираме проектот и знаевме само да ги замараме староседелците со прашања. Кога сфативме дека е океј да комбинираш кафе и пиво, паралелно.
Нејсе, минато ко минато. Супер си пројдовме, а сега е време да го отвориме просторот за некоја нова приказна, со нови студенти и нови староседелци.
Има уште точно 5 дена до почетокот на апликациите. За оние кои не се запознаени, Google Summer of Code е програма во која Google дава пари за студенти (вие) да програмираат на слободни проекти (како Apache, OpenStreetMap, Debian). Примени се вкупно 137 организации, секоја од нив има разни проекти и идеи на кои може да работите.
Повеќе информации околу иницијативата тука.
И да, даваат $5500 долари за тие 3-4 месеци работа.
Во сабота хаклабот ќе биде отворен за сите заинтересирани студенти кои сакаат да ги разгледаат проектите. Ќе бидат таму и луѓето кои имаат учествувано, па ќе може да ги прашате што и да ве интересира. Ќе ви помогнат да инсталирате Линукс и да го искомпајлирате проектот.
Сабота од 14ч. Се гледаме.

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.