Група животни, сликана како оди накај Хаклаб да им инсталираат Arch на лаптопот |
Два часот наутро. Терминал. Уште четири терминали на другиот workspace.
Ќе ви раскажам уште една приказна.
Десет терминали. Нема гит. Која верзија е gcc? Како се конфигурираа хедерите во Nginx? А? Може кафе, да. Седум терминали.
Конечно, уште една приказна.
Девет терминали. SSH. Ги нема клучевите. Аха, на виртуелката сум.
Што е поентата на животот? Како работи Линукс?
---
Вечер од 19ч. чекор по чекор ќе инсталираме Arch Linux на виртуелка - на проектор. Чекор по чекор, без брзање. Идејата е да научиме нешто повеќе за Линукс. Да станеме хардкор.
Ова е стандардниот термин за прва помош, па ако имате некаков проблем со Линуксот, дојдете и ќе пробаме да го средиме и него.
Се гледаме вечер.
Никад нема да станеме хардкор ако инсталираме Линукс на виртуелка. Никад.
ReplyDeleteДодека не читаш од телефонот што ти е проблемот на главниот компјутер/лаптоп каде само ти трепка бел промпт на црниот екран, не си доволно хардкор.
А да македонскиот народ тоа го срочил фино во следнава поговорка: Не прашај гаталец, туку прашај паталец :).
Ако збориме за hardcore, LFS (Linux From Stratch) > Arch :)
ReplyDelete