Не верувам дека некој остана рамнодушен кога пред една и пол година се прошири веста за трагичната смрт на Арон Шварц. За многумина непропорционалниот прогон од Американската влада беше причината поради која тој си го одзеде животот. Но, сите беа согласни дека светот изгуби значајна личност.
Документарниот филм „Момчето од Интернет“ објавен оваа година е портрет на момчето што се откажа од богаташкиот живот на Силиконската долина и стартап културата што владее таму и ја користеше технологијата со која беше извонредно вешт во борба за отворен пристап до знаење, слобода на говор и социјална правда воопшто. Дојдете, уште еднаш макар на кратко, да му оддадеме почит на Арон.
Ова издание на СподелиКино ќе се случи во Ку Ла (локацијата подоле), нов јавен простор во градот. Бидете таму на време, проекцијата ќе почне во точно 20:00 часот, за да има време и за кратка дискусија по филмот.

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.