Скопскиот хаклаб КИКА објавува ограничен повик за донации и спонзорства. Повикот е отворен до 31 јули 2013 год. на полноќ, за сите правни и физички субјекти во Република Македонија.
КИКА (Кика е: Информации. Култура. Автономија.) е првата автономна технолошка зона во Скопје, а воедно и во Република Македонија, овозможена од организацијата Слободен софтвер Македонија. КИКА постои од 17 октомври 2009 год. и речиси четири години, активно ја промовира културата на споделувањето и размената на знаење. Во КИКА доаѓаат претежно млади луѓе што се интересираат за технологија, електроника, машини, компјутери, слободен софтвер, слободна култура и во континуитет споделуваат и стекнуваат знаење. Благодарение на КИКА, многу млади луѓе, меѓу другото, успеваат и да се вклучат во специјалните програми на Google - Google Summer of Code - и на фондацијата GNOME - GNOME Women Outreach.
Нашата цел со објавувањето на овој повик е да обезбедиме финансиски средства за функционирањето на КИКА во следните три месеци.
Ни требаат околу 350 евра месечно, за да ги подмириме трошоците за изнајмување на просторот, да ги платиме месечните сметки за електрична енергија, вода и останати комуналии и секако, за да овозможиме одржување на неделните настани што се дел од програмата на хаклабот.
Опстојувањето на КИКА е вистински предизвик и сега повеќе од било кога се соочуваме со пречки што едноставно не можеме да ги преминеме без финансиски средства. Па, ја бараме Вашата поддршка!
Овие се податоците што би Ви биле потребни за еднократни уплати или пак за уплати на траен налог:
Слободен софтвер Македонија ул. Злате Михајловски бр. 26 1000 Скопје
Сметка: 210057088340110
Банка: НЛБ Тутунска Скопје
Приходна шифра: 562 (Уплати за донации)
Цел на дознака: донација за проект КИКА
За уплати, надвор од Република Македонија:
IBAN: MK07210057088340110
SWIFT: TUTNMK22
Однапред Ви благодариме на поддршката!
Од членовите на КИКА
Членови на КИКА, кои во поголем број се вработени, заработуваат доволно за да можат здружено да ги покријат трошоците за одржување на НИВНИОТ хаклаб. Очекувам сторија од Новица Наков каде ќе ги образложи причините за ова "кампања", со сите позадински социјални и интелектуални фактори, каде хаклабот изразува потреба да се рекламира и приближи до "хакерите", надвор од својот блог и сајтот planet.linux.net.mk.
ReplyDeleteСе додека нема online материјали (видео-аудио снимки, ппт презентации, архиа на изработени source кодови, заклучоци кои следуваат после најавените настани во блог постот), секој што ќе донира, своите пари ги дава во приватен клуб на ентузијасти. Како во Лас Вегас, се што се случува во КИКА, останува таму.
Да, сите сме поканети на тие собири, но приодот како се реализирани, одговара на ситуација аналогна на собир на месна заедница со плакат поставен само во својата зграда, каде после собирот, нема да се објави што се дискутирало и кои заклучоци се имаат донесено, но сепак, месната заедница ќе се декларира како ОТВОРЕНА за сите!
@Gorco
ReplyDeleteМорам да признаам дека имаш доста печатни грешки.
Би сакал да ти го кажам моето мислење за хаклабот, ако сакаш прифати го, ако не и тоа е ок.
Сѐ е отворено и транспарентно, има снимен видео материјал (малку ама сепак има), целиот код е на гитхаб, сите заклучоци можеш да ги најдеш на ирц логот кој можеш да го пребаруваш, на мејлинг листата (oosm-members) или на wiki-то на слободен софтвер. ППТ презентации за среќа на сите нас никогаш нема ни да имаме. HTML презентации од друга страна има колку сакаш.
Не е фер да нарекуваш „приватен клуб на ентузијасти“ еден отворен простор (и физички и виртуелен) во кој секој ја вложува целата своја енергија да создаде и придонесе да биде што поотворен и поприфатлив, а притоа голем дел од материјалите и знаењето стекнати во тоа место да се достапни на целата јавност во секое време.
Ако навистина те интересира што се збори во просториите на хаклабот додека луѓето работат или се дружат, тогаш помини во било кое време додека е отворено. Дали е отворено можеш да видиш веднаш под главното мени во десната колона на оваа страна.
Од напади на интернет највеќе сакам ad hominem. Поздрав Горчо.
ReplyDelete@Владан Поповиќ
ReplyDeleteНе се сложувам со тебе, и тоа е. Ирцот и мејлинг листата, не го прават клубот достапен во права смисла на зборот. Видео(аудио) материјали од предавања што ги организирате, сижеа на настаните во постовите на блогот, DIY(хронологија) на прокети што ги реализирате (во HTML), тоа го нема, а токму тоа ќе го направи клубот "поотворен и поприфатлив".
Налин како функционира клубот за мене е ок, се до моментот кога се бараат донации. Морално гледано, тие донации треба да се вратат во јавноста на некој начин.
Но во право си за терминот "приватен" што го употребив, не е фер, и се извинувам за тоа.
@Новица
Над месец дена има како нема текст од тебе. Сакав да те "испровоцирам" да напишеш нешто :). Поздрав.
@Gorco
ReplyDelete(само уште ова и нема да гњавам веќе)
Твоите коментари налагаат дека заедницата и хаклабот немаат ништо придонесено и дека јавноста нема видено ништо од тоа што се случува, односно дека хаклабот ѝ нема ништо „вратено“ на јавноста. Јас мислам дека не е така.
Се сложувам дека треба да биде сѐ документирано за сите да видат сѐ што се случува. Тоа ќе ѝ помогне и на јавноста и на хаклабот во некоја смисла, што би било идеално за сите. Тешко е да се одржи тоа темпо бидејќи сите работи се прават волонтерски, без никакви (материјални) очекувања во добар дух и пријатна атмосфера.
Апелов за донации пред сѐ е до луѓето кои го увиделе тоа и би сакале да помогнат колку можат.
Моите коментари налагаат дека самиот хаклаб со неговите членови и темите што се обработуваат, се од голема важност за хакерската култура кај нас, и голема штета е тоа знаење да остане достапно само на оние кои МОЖАТ физички да бидат присатни во просториите.
ReplyDeleteЛично мене многу ми се допаѓа идеата околу Кика.
ReplyDeleteМеѓутоа драги мои кои колеги инженери, како што доволно време посветувате за технолошки развој, треба да се рорганизирате и да посветите време како на маркетинг така и на оној "економскиот" дел кој што е битен за опстојување на хаклабот.
Да бидеме искрени.... на крајот сепак некој треба да ги плати трошоците за кирија, струја, вода...интернет.
Луѓето исто така треба да научат дека и вашето време кое го посветувате во research во пишување написи...споделување знаење и све останато....ВРЕДИ...и дека се очекува од нив да имаат некој "input" во КИКА во знак на благодарност за тоа што го научиле таму и што го добиле како совет/информација.
Она што би можело во наредниов период да го направите е да земете лист и пенкало и да:
1, Дефинирајте таргет група на корисници за кои Кика би била интересна.
- Сигурно земјоделците не се заинтересирани за Кика:-), али тука сигурно би се вклопиле студентите од ФЕИТ/ЕТФ/ФИНКИ/МФ-Мехатроника, разните ентузијасти во програмирање и електроника. Компании што вработуваат такви кадри и работат со истата проблематика исто така би биле заинтересирани.
2.Пронајдете контакти и начини на комуникација со овие таргет групи
- mailing листи од факултети/организации, IRC-канали, контакти преку мрежа на пријатели.
Внимавајте да не претерате со spam-инг
3. Дефинирајте "продукти" кои што би можела Кика да им ги понуди на овие таргет групи
- На пример студентите би ги интересирало разни туториали за програмирање, видео материјали "how-to" да направат нешто, event-и што вие ќе ги организирате и слични ствари. Компаниите и организациите би ги интересирало активностите на КИКА и колку сте во тренд со актуелните случувања. Вие би биле добар медиум за тие да дојдат до добри кадри. Работадавците знаат дека скоро секој од факултет кога ке излезе знае да програмира затоа што така планирал да го заработува лебот...меѓутоа кај вас може да ги најде кадрите кои уживаат во секоја линија код што ќе ја напишат-- >"passionate coders" :-) Јас би вработил баш такви :-)
4. Дефинирајте бизнис понуди како овие "продукти" што ќе ги понудите финансиски ќе и се вратат на Кика со цел да ги покрие оние фиксни месечни трошоци што ги има.
- Можете за промена на вашата страна да ставенте некој простор за банерчња/реклами. Таму може да идат реклами од некои програмерски куќи, активни огласи за вработување на инженери и слично. Од компаниите за возраст ќе барате некаква донасија(парична) или донација на некаков хардвер/софтвер ..да ви гарантираат дадат некоја "пракса" која вие би ја понудиле на некој студент кој има големи заложби во Кика.
На студентите можете да им нудите сесија часови за програмирање по одреден програмски јазик со стриктно утврдена агенда за некоја симболична цена. Можете да орагизирате викенд екскурзии во некоја планинарски дом/езеро каде што ќе имате одредени презентации.. исто така за симболична цена. На учесниците можете да им доделете уникатни КИКА маици кои вие како организација можете да ги добиете по екстра ефтина понуда(или како донација од фирма)
Не верувам дека било кој студент НЕ МОЖЕ да си скрати едно пиво во неделата за да оддели пари за некоја добра и корисна презентација :-)
Исто така може на вашата страница да поставите некое online пазарче каде што луѓето ќе можат да стават некоја понуда за нешто што продаваат и нудат. Секоја огласувач ќе треба да се сложи дека од цената што ке ја понуди некое денарче ќе треба да биде за КИКА:-)
Овој концепт веќе го имам видено и функционира.
Сигурен сум дека има многу електроничари кои направиле разни минијатурни шпион "буби" кои им здосадиле и сакаат да ги продадат :-)
ОК, ...мислам дека доволно напишав вака "from scratch" и ви ја доловив поентата ...и каде гледам простор за напредок во КИКА со што во иднина би била финансиски независна организација која ќе може сама на нози да стои.
Се надевам дека сево ова ќе го разберете во позитивна насока
Само напред и продолжете со добрата работа !
Поздрав