Во 19 часот, кога конечно ќе го отвориме хаклабот, ќе ги споиме фотелјите (ќебенце има) и ќе легнеме да си спиеме. Дека хакирање е забавно, али некад е боље да си легне човек и да се наспие.
Во другата соба, кај што има проектор и е топло, неколку луѓе ќе решаваат Линукс проблеми, затоа што се многу добри луѓе и дури нема ни пари да бараат за својата добродетел. Евентуално во даден момент некој од нив да погледне накај металната кутија кај што собираме пари со кои ги храниме гладните усти на хаклаберите-членови, но ништо понесуптилно од тоа.
Дојдете вечер во КИКА ако имате некоја мака со овој чуден оперативен систем, над кој неговите корисници обожаваат да се веднат и зјапаат во криптичните терминали, корисници кои повеќе изгледаат како да играат Dwarf Fortress него било што друго.
Се гледаме вечер, не?
EDIT: не се видовме, заради обврски никој не стигна да отвори. Извинете ако дојдовте и чекавте и накиснавте на дождот. Ако ви останат нерешени Linux проблеми до идниот понеделник - дојдете, ќе бидеме таму. Или барем на време ќе најавиме дека нема да бидеме.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.