Уште еден Ruby состанок овој Четврток (20.12.2012, од 19 - 21 час) во Хаклаб КИКА да ја затвориме 2012та.
Ќе презентираме како може да направите web framework во Ruby така што ќе го разгледаме изворниот код од kreator. Kreator е мал MVC web framework преку кој ќе ги демонстрираме основните концепти на Ruby on Rails и општо било кој MVC web framework од bottom-up перспектива.
Ќе започнеме со едноставна Rack (Ruby Webserver Interface) апликација. Потоа ќе продолжиме со воведување на основни концепти за веб апликации како рутер, колачиња и параметри. Ќе видиме зошто се користат Rakefile и Gemfile и како се тестираат апликации напишани во оваа библиотека. Ќе напишеме модел адаптер за SQLite, ќе видиме како се рендерираат темплејти и ќе завршиме со целосна MVC архитектура.
Мммм, колачиња. :)
ReplyDelete