Програмирање во четврток навечер 01.03.2012

За овој четврток нема некоја предодредена агенда и затоа ќе ги ставам сите работи кои ми паѓаат на памет во моментов.
Презентација на една (overengineered) web-апликација што ја направивме со Дамјан. Користи нотификации во postgresql, неколку worker-и контролирани со supervisor (ова незнам до каде е, можеби и не е имплементирано сѐуште) и Flask како web-interface.

Друга работа што ми падна на памет: парсирање на plaintext од буџетот на РМ за 2012 година со цел да се доврши (или направи нешто за) open economics hackday. Ако знае некој каде се старите буџети, или уште подобро, ако некој ги има старите буџети во некаква форма разбирлива за компјутери, може да ги пушти на листа - ossm-members@lists.softver.org.mk

Треќе: доправање на едни PPPoE скрипти што ги почнавме со Алекс пред повеќе месеци и што останаа недоправени, сега можеби е вистинското време да се доправат, па ако некој е за ова слободно нека повели.

Се гледаме од 19:00 (можеби и порано) следете нѐ на твитер

-

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.