Сподели знаење - Сабота 03.03.2012 - компјутерска сигурност

Оваа сабота од 14:00 до 21:00 во Хаклаб темелно ќе се истражува компјутерската сигурност и начините на генерирање на лозинки и нивно трајно чување. Совети како да се заштитите на интернет и како би можеле да бидете оштетени додека сурфате, како некој може да ви ги отвори не добро заштитените податоци на вашиот диск и многу други практични примери.

Презентациите се дел од магистерскиот труд на Предраг Тасевски на тема „Interactive Cyber Security Awareness Program“ на Tallinn University of Technology and Tartu University, Estonia и би било добро да се присуствува зошто разговорот може да се прошири на многу повеќе теми од споменатите.
Како што можеби претпоставивте, Пеце (меѓу другото) знае да каже живели на естонски :)
се гледаме во сабота

-

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.