По презентациите од минатиот четврток во редовниот термин за Програмски Јазици за дизајнот на 3D коцката (хардверското решение) овој пат, ќе се обидеме да направиме визуелизации за истата (програми напишани во C). Коцката е направена со користење на Arduino Nano и изгледава вака:
Моменталниот софтвер за визуелизациите можете да го најдете на Github, можете да го клонирате или форкате.
Дојдете, напишете ја визуелизацијата и покажете ја во живо!
Во секој случај за најинвентивната визуелизација следува награда.
Стандардни дискусии за програмерски загатки и оптимизациии, како и flame wars помеѓу python/ruby/php/java/.net/ perl?! (немаме ниту еден perl-аш).
Се гледаме утре во 19 часот во хаклабот Кика на следнава локација:
Кликнете тука за поголема мапа.
Поддржано од
Град Скопје
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.