Ако до сега не сте го гледале „Последното предавање“ на Ренди Појш, треба тоа да го направите поскоро.
Една од лекциите што може да се научат од таму е таа за Head Fake - или во превод, можеби, „криви очи“. Примерот што Ренди го користи е кога правиш една работа, но всушност учиш друга: кога ги праќате децата да тренираат некој спорт (на пример фудбал), не очекувате дека (сите) ќе станат професионални фудбалери, но (сите) ќе научат тимска работа, фер игра и слично.
Ми се чини дека ова е одличен начин да се опише НСНД: кога ништо не се случува, нешто сепак се учи. Така, кога пред гико-хакерската заедница држите некоја презентација за некоја тема што е доволно интересна да го задржи вниманието на група луѓе која не е позната по високи нивоа на концентрација, тогаш вашите „криви очи“ се стекнување на добри презентациски вештини - а тоа и така не е нешто што се учи на училиште.
Па тоа. +1 за НСНД.

No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.