На 17 и 18 септември ќе се одржи првиот НСНД (Ништа се нече догодити, мк. Ништо нема да се случи) настан во Струмица. Настанот ќе се одржува во ОУ „Маршал Тито“ (види мапа).
На настанот ќе се обработуваат теми поврзани со слободниот софтвер, слободната култура, хакирање, програмирање, ГНУ/Линукс, електроника и сѐ друго што ќе договориме на лице место, во зависност од тоа кој што има да понуди и сака да научи. Влезот е слободен и секој може да дојде, а посебно е препорачливо за „АјТи“ луѓето.
После завршувањето на првиот ден се оди на јадење/пиење и најверојатно на некоја журка.
За тие што не знаат што е НСНД - читнете тука или на кратко: НСНД е собир на корисници на слободен софтвер и технолошки ентузијасти. Програмата се договара на лице место во соработка со сите присутни со тоа што секој се претставува и додава што би можел да понуди т.е. да презентира и што би сакал да научи/види.
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.