InstallFest 2010 - 20.11.2010

По неколкуте успешни инсталациони фестивали реализирани во 2004, 2005 и 2006 година Слободен Софтвер Македонија веќе традиционално организира инсталационен фестивал на кој ќе можете, со помош на поискусни корисници, да инсталирате GNU/Linux на вашиот компјутер.

Настанот ќе се одржи викендот на 20ти неомври во просториите на Хаклабот КИКА - Скопје од 12 до 20 часот.

Сакаме да им дадеме на компјутерските корисници во Македонија шанса да го испробаат GNU/Linux бидејќи тој е одличен оперативен систем. Сакаме ваквиот собир да биде еден вид промоција и презентација која ќе ги избрка предрасудите што луѓето ги имаат за GNU/Linux. Сакаме да придонесеме во користењето на легален софтвер. Сакаме да придонесеме во користењето на квалитетен софтвер.

Повеќе информации за настанот и задолжително посетете ја страницата за настанот.

Се гледаме во сабота!

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.