Одморите завршија, празници веќе нема, времето е одлично - време е да се продолжат редовните активности во #skopjehacklab. Минатиот пат разгледувавме некои инфраструктурни прашања, од миљон сајтови некои ќе треба да се гасат, некои да се надградуваат, некои да се редизајнираат итн.
Останува да видиме со какви активности ќе продолжи следниот период. Минатата сезона имавме, Ubuntu прва помош, Ruby и Python и СподелиЗнаење - мислам дека за понатаму ни требаат и повеќе содржини, па така секој што има некоја идеја и воља да организира е добредојден утре на кафе муабет.
Од поинтересните работи, ќе има презентација за „irclogger 2.0“ мала апликација направена со CouchDB, статички html и javascript, и сигурно уште по нешто.
СкопјеХаклаб КИКА, сабота 11.сеп.2010 од 13 до 18(илиповеќе).
пс.
во недела во Ла Кања со почеток во 20часот, ќе го пуштаме филмот „Sita sings the blues“ во рамките на DIY фестивалот, како некој вид tribute на СподелиКино :)
пс-во беше фејл а? :) мкфејл :)
ReplyDelete