Ništa se neće dogoditi - Белград 29 и 30 Мај

На 29 и 30ти Мај во Белград се одржа антиконференцијата под име Ništa se neće dogoditi (или на македонски : Ништо нема да се случи) каде што гостуваа хакери од заедниците од Хрватска и Македонија заедно со домаќините од Србија. Гостин на ова NSND беше Воја Антониќ, југословенски хакер кој е креаторот на познатион југословенски компјутер Галаксија - http://en.wikipedia.org/wiki/Galaksija. Настанот се одвиваше отприлика вака,

По пристигнувањето и краткиот одмор, од 12 часот официјално започна антиконференцијата со преставување и запознавање на членовите затоа што имаше нови луѓе кои што се запознаа со останатите. После *запознавањето* се изгласа програмата за двата дена која воглавно беше исполнета. Програата се изгласа на тој начин што секој предложуваше што може да сподели или пак што би сакал да слушне и да дознае (доколку има некој што тоа го знае и може да го објасни) и во зависност од бројот на заинтересирани тој предлог се најде на листата или пак не се најде. После овој *загревачки* дел, Воја ни ја раскажа приказната за тоа како се роди компјутерот Галаксија и како во тоа време домашната изработка на уредите била главна тематика и окупација на ентузијастите кои сакале да се занимаваат со техника. Овие ентузијасти всушност претставуваат едни од првите хакери од тоа време кои што доколку сакале нешто самите го изработувале, без разлика дали тоа било некој електронски уред или пак некоја програма која што требало да се напише во чист асемблер.

Воја истотака нѐ изненади кога соопшти дека не поседува ниту еден компјутер Галаксија затоа што сите прототипи што ги поседувал при чистење ги исфрлил, освен еден кој што го донирал на музејот за техника во Белград.

После неверојатната приказна за компјутерот Галаксија, дојде на ред презентирањети на отворената хардверска платформа - Arduino од страна на Алекс, како и објаснување на неколку проекти кои што ќе се реализираат во хаклабот КИКА со помош на оваа платформа (повеќе за ова на вики - http://wiki.lugola.net/Хаклаб/Проекти).

После овие две споделувања, следуваше ручек кој што сите го очекуваа и потоа повторно продолжи дискусијата, но овојпат се навлезе во водите на LDAP системот, Open Street Map проектот за создавање на карти, под отворена лиценца и достапни за секого, каде што може секој да придонесе.

Една од интересните работи која што се работеше првиот ден беше запознавањето со J програмскиот јазик каде што *магично* решенијата за неколкуте математички задачи зафаќаа една линија код. Повеќе за J програмскиот јазик на вики - http://en.wikipedia.org/wiki/J_(programming_language)

Првиот ден заврши со посета на МиксерФест фестивалот за модерна уметност.

Вториот ден започна истотака околу 11 часот и одма започна со дискусија за идејата на паметен дом, каде што повторно Воја нѐ запозна со уште еден негов проект, домашно осветлување користејќи LED-ови во боја со помош на микроконтролер со кој може да се нагодува секоја боја од осветлувањето. Останатиот дел беше искористен за 5-минутните предавања кои што не беа реализирани.

За нас вториот ден траеше до 5 часот, затоа што беше време за враќање во Македонија. И така заврши уште едно издание на NSND и сега сме во исчекување на следното кое што најверојатно ќе се одржи летото во Сплит, Хрватска.

Оргинална програма која што беше работена за време на NSND 2010 Белград - http://wiki.razmjenavjestina.org/index.php/Nsnd_2010bg

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.