Овој викенд ќе се обидиме да реализираме неколку проекти од испланираните (http://wiki.lugola.net/Хаклаб/Проекти), специфично Arduino EPROM програмерот и софтер за програмирање и доколку има време ќе чепнеме нешто за X300 на Убунту 10.04.
Воедно ќе имаме и работилница за електроника на која што ќе се дади еден вовед во аналогна и дигитална електроника.
Овој пат може да останиме до покасно, па така препорачаната чек листа :
- лаптоп
- пиво (или нешто друго)
- добро расположение
- желба за учење нешто ново
Воедно, доколку успее програмерот, може да пробаме директно да го нарежеме gPXE оперативниот и да пробаме мрежно boot-ирање.
Дојдете и вие на овој интересен настан !
Кога е следниот термин?
ReplyDeleteПоздрав.
Филип Циклевски