Следниве 2-3 недели богат распоред на настани

Голем број на настани во следниов период...


Најпрво за само 2 дена од денес, на 22 мај е Мозила Балкан 2010. На овој настан ќе се соберат луѓето од балканот кои на некој начин се вклучени во проектите на Мозила. Тоа ќе биде можност да се споделат искуства за проблемите и успесите од регионов. Дополнително ќе имаме и неколку гости од Mozilla и Mozilla Europe кои ќе зборат повеќе за тоа што/зошто/и како (да се приклучиш) во проектите на Mozilla.


Потоа, веќе следниот викенд 29-30 мај е НСНД Белград. НСНД (Ništa se neće dogoditi), еден вид на анти-конференција, на кој ќе соберат „хакери“ од ex-Yu просторот (најредовни се Хрватска, Србија и Македонија). Работејќи по принципот на анти-конференција, нема официјална програма, нема спонзори, ниту големи имиња. Се собираме и сами си го организираме времето како нас ни одговара. Искуството покажува дека интересот се протега од езотеричните теми за разни не-mainstream програмски јазици (Haskell, Lisp, Erlang, Go), имплементирање скалабилни системи, хардверски хакови, до најпрактични инсталирање GNU/Linux, Drupal или Django, а и споделувањата искуства за хаклабовите во регионот и сл.


И конечно, големото финале, Richard Stallman - таткото на слободниот софтвер, култна личност во хакерските кругови - на 3 јуни 2010 ќе гостува во Скопје и ќе одржи предавање на темата „Copyright vs Community“ - во која ги споредува режимот на законите за авторски права и нивниот развој наспорти развојот на технологијата и општеството. Оваа тема е се поактуелна во светот поради се поригорозни закони кои навлегуваат во слободата и приватноста на луѓето, но и нормалното функционирање како заедница (култура, општество).

Предавањето на Stallman ќе се одржи во Холидеј Ин од 18:00 до 21:00 часот на 3 јуни (четврток).


Во овој период, веројатно ќе има по уште некоја од редовните активности во хаклабот (Убунту прва помош секој понеделник и Python/Ruby во четвртоците), но најверојатно нема да се одржат две СподелиЗнаење во саботите.

No comments:

Post a Comment

Note: Only a member of this blog may post a comment.